+ -

عَنْ جَابِرِ بْنِ سَمُرَةَ رَضيَ اللهُ عَنْهُ:
أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ كَانَ إِذَا صَلَّى الفَجْرَ جَلَسَ فِي مُصَلَّاهُ حَتَّى تَطْلُعَ الشَّمْسُ حَسَنًا، وَقَالَ: كَانَ لَا يَقُومُ مِنْ مُصَلَّاهُ الَّذِي يُصَلِّي فِيهِ الصُّبْحَ أَوِ الغَدَاةَ، حَتَّى تَطْلُعَ الشَّمْسُ، فَإِذَا طَلَعَتِ الشَّمْسُ قَامَ، وَكَانُوا يَتَحَدَّثُونَ فَيَأْخُذُونَ فِي أَمْرِ الجَاهِلِيَّةِ، فَيَضْحَكُونَ وَيَتَبَسَّمُ.

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 670]
المزيــد ...

Џабир бин Семура, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, откако ќе го клањаше сабахскиот намаз, остануваше на своето место сè додека сонцето убаво не изгрееше. Тој не стануваше од местото каде што го клањаше сабахот сè додека не изгрееше сонцето. А кога сонцето ќе изгрееше, стануваше. Асхабите разговараа и спомнуваа нешта од времето на џахилиетот, па се смееја, а тој се насмевнуваше заедно со нив.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 670]

Објаснување

Од сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е тоа што по сабахскиот намаз седел на местото каде што клањал сè додека сонцето добро не изгреело. Кога сонцето ќе изгреело, тој станувал, а асхабите меѓусебно разговарале и спомнувале нешта од времето пред исламот. Тој молчел, а тие се смееле, а понекогаш и тој се насмевнувал со нив.

من فوائد الحديث

  1. Препорачливо е човекот да остане на своето место по сабахскиот намаз и да се занимава со зикр сè додека не изгрее сонцето, освен ако има оправдана причина.
  2. Хадисот укажува на возвишениот морал и благоста на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – седеше со асхабите, ги слушаше нивните разговори и приказни, и се насмевнуваше со нив.
  3. Дозволено е во џамија да се разговара, дури и да се спомнуваат работи од времето на џахилиетот.
  4. Дозволено е да се смее и да се насмевне човек – забрането е само претераното и прекумерното смеење.
Превод: Индонезиски Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الأسامية الهولندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи