+ -

عَنْ إِبرَاهِيمَ النَّخَعِيِّ عَنْ هَمَّامِ بنِ الحَارِثِ قَالَ:
بَالَ جَرِيرٌ، ثُمَّ تَوَضَّأَ، وَمَسَحَ عَلَى خُفَّيْهِ، فَقِيلَ: تَفْعَلُ هَذَا؟ فَقَالَ: نَعَمْ، رَأَيْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ بَالَ، ثُمَّ تَوَضَّأَ وَمَسَحَ عَلَى خُفَّيْهِ. قَالَ الأَعْمَشُ: قَالَ إِبْرَاهِيمُ: كَانَ يُعْجِبُهُمْ هَذَا الحَدِيثُ؛ لِأَنَّ إِسْلَامَ جَرِيرٍ، كَانَ بَعْدَ نُزُولِ المَائِدَةِ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 272]
المزيــد ...

Ибрахим ен-Нехаи пренесува од Хамам бин ел-Харис дека рекол:
„Џерир уринирал, потоа зел абдест и потрел преку неговите местви. Му рекоа: ,Зарем така постапуваш?‘ Тој одговори: ,Да, го видов Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како уринира, потоа зеде абдест и потре преку неговите местви.‘“ Ел-Амеш рекол: Ибрахим кажал: „Овој хадис им беше особено драг, затоа што Џерир примил ислам по објавувањето на сурата Ел-Маиде.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 272]

Објаснување

Џерир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него, уринирал, потоа зел абдест и се задоволил со тоа што потрел преку неговите местви, без да ги измие нозете. Луѓето околу него прашале: „Зарем така постапуваш?!“ Тој одговорил: „Да, го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како уринира, потоа зеде абдест и потре преку неговите местви.“ Асхабот Џерир го примил исламот во подоцнежниот период – по објавувањето на сурата Ел-Маиде, во која е објавен ајетот за абдестот. Со тоа укажал дека протривањето преку мествите не е укинато со тој ајет.

من فوائد الحديث

  1. Грижата на асхабите и табиините за следењето на сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
  2. Имамот ен-Невеви рекол: „Постои согласност меѓу оние чија согласност се зема предвид – дека е дозволено триење преку мествите (наместо миење на нозете) и за време на патување и во местото на живеење, без разлика дали за тоа има потреба или не. Тоа важи дури и за жената што постојано е во домот, како и за болниот што не може да оди.“
  3. Одличието на Џерир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него, затоа што бил широкоград и имал трпение – па ја поднесувал забелешката на неговите ученици, иако тие грешеле во тоа.
  4. Ова е и одговор на оние што го негирале протривањето преку мествите и тврделе дека тоа е укинато – бидејќи хадисот на Џерир, Аллах нека е задоволен со него, е забележан во подоцнежен период, по објавувањето на ајетот за абдестот.
  5. Од ова се разбира и дека оној кому му се прави забелешка за нешто што тој го смета за исправно, не треба да се лути на оној што му забележува, туку да му го објасни својот доказ на убав и мудар начин.
  6. Користењето на историјата како доказ – кога за тоа има потреба.
Превод: Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи