عَنْ أَبِي سَعِيدٍ الْخُدْرِيِّ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«إِذَا شَكَّ أَحَدُكُمْ فِي صَلَاتِهِ، فَلَمْ يَدْرِ كَمْ صَلَّى ثَلَاثًا أَمْ أَرْبَعًا، فَلْيَطْرَحِ الشَّكَّ، وَلْيَبْنِ عَلَى مَا اسْتَيْقَنَ، ثُمَّ يَسْجُدُ سَجْدَتَيْنِ قَبْلَ أَنْ يُسَلِّمَ، فَإِنْ كَانَ صَلَّى خَمْسًا شَفَعْنَ لَهُ صَلَاتَهُ، وَإِنْ كَانَ صَلَّى إِتْمَامًا لِأَرْبَعٍ كَانَتَا تَرْغِيمًا لِلشَّيْطَانِ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 571]
المزيــد ...
Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога некој од вас ќе се посомнева во својот намаз и не е сигурен дали клањал три или четири рекати, нека го отфрли сомнежот и нека се потпре на она за што е сигурен. Потоа, нека направи две сеџди пред да го предаде селамот. Ако клањал пет рекати, тие ќе го направат неговиот намаз парен, а ако клањал четири рекати, тие ќе бидат понижување за шејтанот.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 571]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека ако клањачот се посомнева во својот намаз и не знае дали клањал три или четири рекати, треба да го отфрли сомнежот за дополнителниот рекат и да се потпре на бројот за кој е сигурен. Во тој случај, ќе смета дека клањал три рекати, па ќе додаде уште еден за да го заврши четвртиот, а потоа ќе направи две сехви сеџди пред да го предаде селамот.
Ако навистина клањал четири рекати, додавањето на уште еден рекат го прави намазот пет рекати, а двете сехви сеџди служат како замена за дополнителниот рекат, со што намазот станува парен, а не непарен. Ако, пак, навистина клањал три рекати и додаде четврт, тогаш ја исполнил својата должност без да има недостаток ниту вишок.
Двете сехви сеџди се понижување за шејтанот и го оддалечуваат од неговата цел, бидејќи тој се обидува да го збуни клањачот и да му го наруши намазот. Намазот на човекот, сепак, станува целосен кога ќе ја следи Аллаховата наредба за правење сеџда, нешто што Иблис одбил да го направи кога му било наредено да му направи сеџда на Адем, алејхи селам.