+ -

عَنْ عَبْدِ اللَّهِ بْنِ يَزِيدَ الخَطْمِيِّ قَالَ: حَدَّثَنِي البَرَاءُ وَهُوَ غَيْرُ كَذُوبٍ، قَالَ:
كَانَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ إِذَا قَالَ: سَمِعَ اللَّهُ لِمَنْ حَمِدَهُ، لَمْ يَحْنِ أَحَدٌ مِنَّا ظَهْرَهُ حَتَّى يَقَعَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ سَاجِدًا، ثُمَّ نَقَعُ سُجُودًا بَعْدَهُ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 690]
المزيــد ...

Абдулах бин Језид ел-Хатми вели: „Ми раскажа ел-Бера, а тој никогаш не зборуваше лага:
,Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе речеше: ,Семиаллаху-лимен хамидех,‘ никој од нас не го наведнуваше грбот сè додека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, најпрво не паднеше на сеџда, па потоа и ние одевме на сеџда по него.'“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 690]

Објаснување

Ел-Бера бин Азиб, Аллах нека е задоволен со него, кој беше вистинољубив, раскажува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе ја кренел главата од руку и ќе речел: „Семиаллаху-лимен хамидех,“ сите што биле зад него стоеле исправени, и никој не се наведнувал за сеџда сè додека тој, салаллаху алејхи ве селем, најнапред не го ставел своето чело на земја. Потоа и тие паѓале на сеџда по него.

من فوائد الحديث

  1. Опис на следењето на асхабите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, во намазот: тие не преминуваа од стоење на сеџда сè додека тој најнапред не направеше сеџда.
  2. Ибн Декик ел-Ид рекол: „Во тоа има доказ за долгата смиреност на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем (во намазот).“
  3. Муктедијата во однос на следењето на имамот има четири состојби:
  4. 1. Претекнување (мусабака): Да започне со некој дел од намазот пред имамот, односно да направи ркун пред него – како, на пример, да направи руку пред имамот или да падне на сеџда пред него. Ова е харам. Ако намерно го стори тоа знаејќи за забраната, неговиот намаз е неважечки – без разлика дали го претекнал во рукн или извршил рукн пред имамот. Ако тоа се случи при почетниот текбир, неговиот намаз воопшто не е валиден и мора повторно да го клања.
  5. 2. Совпаѓање (мувафака): Да се совпадне со имамот, односно да прави руку истовремено со него, да прави сеџда истовремено со него и да станува истовремено со него. Најмалку што има оваа постапка е тоа што е мекрух, а според јасното значење на доказите – таа е и харам. Ако муктедијата се совпадне со имамот во почетниот текбир, неговиот намаз не е валиден и мора повторно да го клања.
  6. 3. Следење (мутабаʿа): Да ги извршува деловите од намазот по имамот, без доцнење. Ова е пропишаното и во согласност со сунетот.
  7. 4. Заостанување (тахаллуф): Да заостанува зад имамот толку што ќе излезе од рамките на следењето – на пример, имамот да отиде на руку, а муктедијата да остане стоејќи сè додека имамот речиси не се исправи од руку. Ова е спротивно на пропишаното и е харам, освен ако има оправдана причина – како болест или старост.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Свахили التايلندية الأسامية الهولندية الغوجاراتية الدرية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи