عَنْ عُثْمَانَ رضي الله عنه قَالَ: سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«مَا مِنَ امْرِئٍ مُسْلِمٍ تَحْضُرُهُ صَلَاةٌ مَكْتُوبَةٌ فَيُحْسِنُ وُضُوءَهَا وَخُشُوعَهَا وَرُكُوعَهَا، إِلَّا كَانَتْ كَفَّارَةً لِمَا قَبْلَهَا مِنَ الذُّنُوبِ، مَا لَمْ يُؤْتِ كَبِيرَةً، وَذَلِكَ الدَّهْرَ كُلَّهُ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 228]
المزيــد ...

Од Осман, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,За секој еден муслиман, кој кога ќе настапи пропишаниот намаз, ќе земе потполн абдест и ќе клања намаз понизно и потполно, тоа ќе биде откуп за гревовите што ги направил претходно, освен ако не направил голем грев. И така ќе биде цел живот.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 228]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, во овој хадис, ни објаснува дека секој еден муслиман кој кога ќе дојде времето на задолжителниот намаз, во потполна форма ќе земе абдест и ќе го изврши намазот со покајание во срцето и телото насочено кон Возвишениот Аллах, свесен за Неговата големина, потоа ќе ги изврши и сите ритуали како што се: руку, сеџда и другите делови од намазот, тој намаз ќе му ги избрише помалите гревови што ги направил претходно, под услов да ги избегнува големите гревови, а оваа вредност/привилегија ќе трае довека и ќе важи за секој намаз.

من فوائد الحديث

  1. Намазот што ги брише гревовите е оној во кој човекот зема целосен абдест, а потоа го извршува намазот со стравопочит и само заради Аллах.
  2. Голема вредност е истрајноста во ибадетите, бидејќи тие се причината за простувањето на малите гревови.
  3. Вредноста на потполното земање абдест, на убавото клањање и на понизноста во намазот.
  4. Од голема важност е да ги избегнуваме големите гревови, за да ни бидат простени малите гревови.
  5. Големите гревови не можат да бидат простени без покајание.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (54)
Повеќе...