عن ابن عباس رضي الله عنهما قال: قال رسول الله صلى الله عليه وسلم:
«ما مِنْ أيَّامٍ العمَلُ الصَّالِحُ فيها أحبُّ إلى اللهِ مِن هذه الأيام» يعني أيامَ العشر، قالوا: يا رسُولَ الله، ولا الجهادُ في سبيلِ الله؟ قال: «ولا الجهادُ في سبيلِ الله، إلا رجلٌ خَرَجَ بنفسِه ومالِه فلم يَرْجِعْ من ذلك بشيءٍ».
[صحيح] - [رواه البخاري وأبو داود، واللفظ له] - [سنن أبي داود: 2438]
المزيــد ...
Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Нема денови во кои доброто дело му е помило на Аллах од овие денови“, т.е. во првите десет дена од месецот зул-Хиџе, асхабите прашале: „Алахов Пратенику дури ни џихадот на Аллаховиот пат?“ Пратеникот, алејхи селам, рекол: „Ниту џихадот на Аллаховиот пат, освен ако човек отиде во џихад носејќи го со себе неговиот имот, и не се врати од таму (ни тој ни имотот).“
[صحيح] - [رواه البخاري وأبو داود، واللفظ له] - [سنن أبي داود - 2438]
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека доброто дело направено во првите десет дена од месецот зул-хиџе е повредно од добрите дела направени во кои било други денови.
Асхабите го прашале Аллаховиот Пратеник дали џихадот на Аллаховиот пат кој се води во другите денови е подобар од добрите дела во овие денови? Бидејќи биле свесни дека џихадот е едно од највредните дела.
Тој, алејхи селам, им одговорил дека добрите дела во овие денови се подобри од џихадот во останатите денови, освен ако човек тргне во борба со сиот свој имот, а потоа ги загуби сите, и имотот и душата на Аллаховиот пат. Само вака ќе направи подобро дело од оној што направил добро дело во првите десет дена од зул-хиџе.