عَنِ الْبَرَاءِ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«مَا مِنْ مُسْلِمَيْنِ يَلْتَقِيَانِ فَيَتَصَافَحَانِ إِلَّا غُفِرَ لَهُمَا قَبْلَ أَنْ يَفْتَرِقَا».

[صحيح بمجموع طرقه] - [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن أبي داود: 5212]
المزيــد ...

Ел-Бера – Аллах нека е задоволен со него – пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“

[صحيح بمجموع طرقه] - [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن أبي داود - 5212]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека кога двајца муслимани ќе се сретнат – било на пат или на друго место – и ќе се поздрават со ракување, нивните гревови им се простуваат пред да се разделат, било со физичко оддалечување или со завршување на ракувањето.

Од придобивките на хадисот

  1. Препорачливоста на ракувањето при средба и поттикнување на таа пракса.
  2. Ел-Мунави рекол: „Сунетот не се исполнува освен со ставање на десната дланка во десната дланка, освен ако за таквото непостапување не постои оправдана причина.“
  3. Поттикнување на ширење на селамот и укажување на големата награда за ракување меѓу муслиманите.
  4. Од хадисот се исклучува забранетото ракувањето, како што е ракувањето со жена што не е махрем.
Преглед на преводи
Јазик: الإنجليزية الأوردية الإسبانية Повеќе... (45)
Повеќе...