+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضيَ اللهُ عنهُ أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«لَوْ يَعْلَمُ النَّاسُ مَا فِي النِّدَاءِ وَالصَّفِّ الْأَوَّلِ ثُمَّ لَمْ يَجِدُوا إِلَّا أَنْ يَسْتَهِمُوا عَلَيْهِ لَاسْتَهَمُوا، وَلَوْ يَعْلَمُونَ مَا فِي التَّهْجِيرِ لَاسْتَبَقُوا إِلَيْهِ، وَلَوْ يَعْلَمُونَ مَا فِي الْعَتَمَةِ وَالصُّبْحِ لَأَتَوْهُمَا وَلَوْ حَبْوًا».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 437]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив. Кога би знаеле колкава е вредноста на раното доаѓање на намаз – ќе се натпреваруваа кој прв ќе стигне. А кога би знаеле што се крие во наградата за јацискиот и сабахскиот намаз – ќе доаѓаа на нив дури и ползејќи.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 437]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека доколку луѓето би знаеле колкава е вредноста, добрината и бериќетот што се крие во езанот и првиот ред на намазот – и доколку би немале друг начин да го добијат освен преку фрлање ждрепка за тоа кој има поголемо право – сигурно би фрлале ждрепка.
Кога би знаеле колкава е наградата за рано доаѓање на намаз –би се натпреварувале кој побрзо ќе пристигне.
И кога би знаеле што се крие во јацискиот и сабахскиот намаз – би доаѓале на нив дури и ползејќи на колена, како што ползи малото дете .“

من فوائد الحديث

  1. Укажување на големата вредност на езанот.
  2. Укажување на вредноста на првиот ред и близината до имамот.
  3. Поттик за рано доаѓање на намазот во неговото препорачано време, поради неговата огромна вредност и бројните придобивки – како што се: заземање на првиот ред, учество во намазот од самиот почеток, извршување на нафили, учење Куран, користа на дови и истигфар од мелеците, како и тоа дека човекот се смета дека е во намаз сè додека го чека намазот – и многу други добрини.
  4. Силен поттик за присуство на јацискиот и сабахскиот намаз во џемат, бидејќи тие се потешки за човек поради прекинувањето на сонот – на неговиот почеток и крај – и токму затоа тие два намаза беа и се најтешки за лицемерите.
  5. Ен-Невеви рекол: „Овој хадис е доказ дека е дозволено користење ждрепка во ситуации кога за одредено право има голем број кандидати или постои опасност од расправија.“
  6. Вториот ред е подобар од третиот, третиот од четвртиот – и така по редослед.
Превод: Англиски Индонезиски Бенгалски Турски Руски Синхала Виетнамски Курдски Хауса Португалски Телгу Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية المالاجاشية الجورجية الماراثية
Преглед на преводи