+ -

عَنْ أُمِّ حَبِيبَةَ رضي الله عنها زَوْجِ النَّبِيِّ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالت: سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«مَنْ حَافَظَ عَلَى أَرْبَعِ رَكَعَاتٍ قَبْلَ الظُّهْرِ وَأَرْبَعٍ بَعْدَهَا حَرَّمَهُ اللَّهُ عَلَى النَّارِ».

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي والنسائي وابن ماجه وأحمد] - [سنن الترمذي: 428]
المزيــد ...

Од Уму Хабиба, Аллах нека е задоволен со неа, сопругата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се пренесува дека рекла: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,Кој ќе ги чува четирите рекати пред пладневниот намаз и четирите рекати по него, Аллах ќе го заштити од Оганот.‘“

[صحيح] - - [سنن الترمذي - 428]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја доставил радосната вест дека оној што ќе клања четири рекати нафила пред пладневниот намаз и четири рекати по него, и кој ќе ги чува и истрае во тоа, Аллах ќе го заштити од Огнот.

من فوائد الحديث

  1. Препорачливоста на истрајноста и чувањето на четирите рекати пред пладневниот намаз и четирите рекати по него.
  2. Нафилите пред задолжителниот намаз имаат мудрости, меѓу кои е и подготовката на срцето за ибадет пред да започне со задолжителниот намаз, додека нафилите по него служат како надополнување на евентуалните недостатоци во намазот.
  3. Нафилите носат големи придобивки, како зголемување на добрите дела, бришење на гревовите и воздигнување на степените.
  4. Правилото на следбениците на Сунетот во врска со хадисите што содржат ветување за награда, како овој хадис, е дека тие се разбираат како ветување за награда при смрт во состојба на тевхид, а значењето на зборовите „Аллах ќе го заштити од Оганот“ се однесува на тоа дека нема вечно да остане во Џехенемот. Оној што прави гревови, но е од оние што веруваат во Аллаховото едноштво, заслужува казна, но и ако биде казнет, нема да остане во Оганот засекогаш.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية النيبالية المجرية الجورجية
Преглед на преводи