عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«سَبْعَةٌ يُظِلُّهُمُ اللَّهُ تَعَالَى فِي ظِلِّهِ يَوْمَ لاَ ظِلَّ إِلَّا ظِلُّهُ: إِمَامٌ عَدْلٌ، وَشَابٌّ نَشَأَ فِي عِبَادَةِ اللَّهِ، وَرَجُلٌ قَلْبُهُ مُعَلَّقٌ فِي المَسَاجِدِ، وَرَجُلاَنِ تَحَابَّا فِي اللَّهِ، اجْتَمَعَا عَلَيْهِ وَتَفَرَّقَا عَلَيْهِ، وَرَجُلٌ دَعَتْهُ امْرَأَةٌ ذَاتُ مَنْصِبٍ وَجَمَالٍ فَقَالَ: إِنِّي أَخَافُ اللَّهَ، وَرَجُلٌ تَصَدَّقَ بِصَدَقَةٍ فَأَخْفَاهَا حَتَّى لاَ تَعْلَمَ شِمَالُهُ مَا تُنْفِقُ يَمِينُهُ، وَرَجُلٌ ذَكَرَ اللَّهَ خَالِيًا، فَفَاضَتْ عَيْنَاهُ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1423]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Седуммина ќе бидат под Аллаховата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата: праведниот владетел, младичот кој пораснал во ибадет на Аллах, човекот чие срце е приврзано за џамиите, двајца кои се сакаат во името на Аллах – се сретнале поради Него и се разделиле поради Него, човекот кого го повикала жена со углед и убавина, а тој ѝ рекол: ‚Јас се плашам од Аллах‘, човекот кој дал садака тајно – така што левата рака не знае што дала десната, и човекот кој го спомнал Аллах кога бил сам – па му потекле солзи.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1423]
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ја пренесе радосната вест за седум категории верници кои Аллах ќе ги стави во Својата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата: 1. Праведниот владетел – кој е правичен во себе и не е грешник, не прави зулум и постапува праведно кон своите поданици. Во оваа категорија спаѓа и секој што презел одговорност за нешто од прашањата на муслиманите и притоа постапува праведно. 2. Младичот кој пораснал во ибадет кон Аллах – кој ја поминал младоста и потрошил енергијата во покорност кон Аллах и така го завршил својот живот. 3. Човекот чие срце е приврзано за џамијата – кој, и кога ќе излезе од неа, со срцето останува поврзан со неа, копнее да се врати, поради љубовта и близината што ја чувствува кон џамијата, дури и кога телесно е отсутен поради оправдани причини. 4. Двајца што се сакаат во името на Аллах – се сретнале и се разделиле исклучиво поради верата, и не ја прекинале таа љубов поради нешто од овоземните убавини, сè додека смртта не ги раздвоила. 5. Човекот кого го повикала жена – убава, од угледно семејство и со висок општествен статус – да направат забранет (неморален) чин, но тој одбил и ѝ рекол: „Јас се плашам од Аллах.“ 6. Човекот кој дал садака – малку или многу – и ја сокрил толку што левата рака не знаела што дала десната, без желба некој да го види или пофали. 7. Човекот кој го спомнал Аллах, било во срцето размислувајќи, било со јазикот изговарајќи – кога бил сам, далеку од погледите на луѓето – па од страв и величење на Аллах му потекле солзи.