+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللهُ عَنْهُ عَنِ النَّبِيِّ صلَّى اللَّهُ عليْه وسلَّمَ، قَالَ:
«إِذَا أُقِيمَتِ الصَّلَاةُ فَلَا صَلَاةَ إلَّا المَكْتُوبَةُ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 710]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога ќе се воспостави намазот, нема друг намаз освен пропишаниот.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 710]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забранил оној што е во џамија да започне со доброволен намаз откако ќе биде воспоставен пропишаниот намаз (ќе се повика со икамет за тој намаз).

من فوائد الحديث

  1. Забрането е клањање доброволен намаз кога веќе е воспоставен пропишаниот намаз во џамија.
  2. Не смее да се започне со доброволен намаз по воспоставувањето на пропишаниот, без разлика дали станува збор за потврден сунет – како двата реката пред сабахскиот или пред пладневниот намаз – или друг намаз.
  3. Ако човекот е веќе во доброволен намаз кога ќе се повика икаметот за фарзот, и му останува помалку од еден рекат – нека го доврши брзо. Ако пак му останува повеќе, треба да го прекине за да ја постигне вредноста на почетниот текбир со имамот.
Превод: Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الأسامية الهولندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...