Листа на хадиси

Делата се ценат според намерите, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил
عربي الإنجليزية الأوردية
„Оној што внесува во нашата вера она што не е од неа, тоа е отфрлено
عربي الإنجليزية الأوردية
Ислам е да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник, да клањаш намаз, да даваш зекат, да постиш во рамазан и да одиш на аџилак ако си во можност
عربي الإنجليزية الأوردية
„Исламот се темели врз пет
عربي الإنجليزية الأوردية
Правото на Аллах врз Неговите робови е да Го обожуваат и никого да не Му припишуваат како здруженик. Правото на робовите кон Аллах е да не го казни оној кој не Му припишува ништо како здруженик
عربي الإنجليزية الأوردية
Секоја личност која искрено од своето срце ќе посведочи дека не постои вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов Пратеник, а да не му биде забранет џехенемскиот огин
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллах‘ – дека нема вистински бог освен Аллах и негира сè друго што се обожува покрај Аллах, неговиот имот и живот се заштитени (свети), а пресметката со него ќе биде кај Аллах.“
عربي الإنجليزية الأوردية
Кој ќе умре без да Му припишува рамен на Аллах, ќе влезе во Џенетот. А кој ќе умре припишувајќи Му рамен на Аллах, ќе влезе во Огнот.’“
عربي الإنجليزية الأوردية
Кој ќе умре правејќи Му ширк на Аллах, ќе влезе во Џехенемот
عربي الإنجليزية الأوردية
Одиш кај народ од ехли китаб (следбениците на книгата - евреи и христијани). Кога ќе стигнеш, повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник
عربي الإنجليزية الأوردية
Најсреќен со моето застапување на Судниот ден ќе биде оној кој искрено од срце или душа ќе рече: Нема друг вистински бог освен Аллах.’“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Верувањето има повеќе од седумдесет – или повеќе од шеесет – гранки. Највредната од нив е изјавата: ,Ла илахе иллаллах – Нема друг вистински бог освен Аллах‘, а најниската е отстранувањето на пречка од патот
عربي الإنجليزية الأوردية
„Го прашав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој одговори: ,На Аллах да му припишеш здруженик, а Тој те создал
عربي الإنجليزية الأوردية
Јас сум Тој што најмалку има потреба некој да му се здружува. Кој ќе направи дело во кое ќе Ми здружи некого, го оставам него и неговиот ширк
عربي الإنجليزية الأوردية
„Сите од мојот умет ќе влезат во Џенетот, освен тие што ќе го одбијат тоа
عربي الإنجليزية الأوردية
,Немојте да ме воздигнувате како што христијаните претерале во воздигнувањето на Иса синот Мејремин, алејхи селам. Навистина јас сум само роб па кажете: ,Аллахов роб и Негов пратеник.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Никој од вас нема да биде верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и од сите луѓе.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Оставете ме и не прашувајте ме повеќе од она што сум ве известил, бидејќи оние пред вас беа уништени поради нивните многубројни прашања и спротивставувањето на нивните веровесници
عربي الإنجليزية الأوردية
„Пренесете од мене па дури и еден ајет, и раскажувајте за синовите Израилови, нема пречка. А кој намерно ќе излаже за мене, нека си го подготви своето место во Огнот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Можеби ќе дојде време кога некој ќе слушне за мојот хадис додека лежи на својата софа и ќе каже: ,Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга
عربي الإنجليزية الأوردية
Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви
عربي الإنجليزية الأوردية
„Аллаху мој, не дозволувај мојот гроб да стане идол за обожување!
عربي الإنجليزية الأوردية
„Не правете од вашите домови гробници, ниту од мојот гроб светилиште. Испраќајте поздрави до мене, бидејќи вашите салавати ќе ми се достават каде и да сте.“
عربي الإنجليزية الأوردية
Тие луѓе, кога меѓу нив некој добар човек ќе умрел, граделе храм врз неговиот гроб
عربي الإنجليزية الأوردية
При Аллах барам заштита ако некого друг освен Аллах земам за близок пријател. Јас сум Аллахов миленик како што Аллахов миленик беше Ибрахим, алејхи селам
عربي الإنجليزية الأوردية
Дали сакаш да те задолжам со истото со кое ме задолжи Аллаховиот Пратеник, алејхи селам? Урни го секој кип и срамни го секој издигнат гроб!‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Суеверието е ширк, суеверието е ширк, суеверието е ширк“, трипати. Тоа се случува кај секој од нас, но Возвишениот Аллах го отстранува од човекот кога тој ќе се потпре врз Него
عربي الإنجليزية الأوردية
„Не е наш тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува, тој што гата и кому му се гата, и тој што прави маѓија и за кого се прави маѓија
عربي الإنجليزية الأوردية
„Нема ,адва‘, нема суеверие и ми се допаѓа ,Фел‘: А што е ,фел‘, го прашале, а тој одговорил: ,Убавиот збор.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
Дали знаете што вели вашиот Господар?' Присутните рекоа: ,Тоа најдобро го знаат Аллах и Неговиот пратеник.' Рече: ,Некои мои робови се разбудија како верници а некои како неверници
عربي الإنجليزية الأوردية
,Кој ќе стави амајлија, направил ширк.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Навистина (некои форми на) рукјата, амајлиите и тивелите се дела на ширк.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи.“
عربي الإنجليزية الأوردية
,Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк).‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе се заколне во аманетот (поверливоста) тој не е од нас.“
عربي الإنجليزية الأوردية
Се колнам во Аллах, дека иншаллах ако дадам заклетва, а потоа видам дека нешто друго е подобро, ќе се искупам за заклетвата и ќе го направам она што е подобро.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Немој да велите: ,Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој‘, туку кажете: ,Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„,Најмногу се плашам за вас од малиот ширк?‘. Присутните прашаа: ,А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?‘ Тој одговори: ,Преправањето!
عربي الإنجليزية الأوردية
„Нека не нарекува човек друг човек грешник или неверник, зашто ако тој не е таков, тоа ќе се врати на оној кој со тоа име го нарекол.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Две работи меѓу луѓето се сметаат за неверување: клеветата околу потеклото и гласнот оплакување на мртвите.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Не седете врз гробовите, и не клањајте кон нив.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче и слики (на живи суштества).“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Мелеците не ја придружуваат дружината во која има куче и ѕвоно.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?‘ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?‘ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“
عربي الإنجليزية الأوردية
,На оној што го вознемирува мојата евлија (штитеник) – му објавувам војна, а ниеден Мој роб нема да ми се приближи повеќе отколку со исполнување на обврските кои Му ги наредив
عربي الإنجليزية الأوردية
Плашете се од Семоќниот Аллах и бидете им покорни и послушни на важите водачи, дури тој да е и некој абисински роб. После мене ќе видите големи несогласувања, затоа, држете се до мојата традиција и традицијата на хулефаи рашидин – праведните и упатените халифи
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе излезе од покорноста и ќе ја напушти заедницата, па умре, тој умрел со незнабошка/џахилиетска смрт
عربي الإنجليزية الأوردية
„Аллаховиот роб на кој ќе му се даде одговорна позиција за луѓето и тој ќе ги мами, на денот кога ќе умре, Аллах ќе му го забрани (влезот во) Џенетот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„,Со вас ќе управуваат владетели кај кои ќе видите дека прават добро и лошо. Оној што ќе го потврди она што е добро ќе се спаси од казната како и оној што ќе го негира лошото, но проблемот е во оној што се задоволува со лошото и кој го следи владетелот
عربي الإنجليزية الأوردية
„Во иднината ќе се појави себичност и злоупотреба (од владетелот) и работи кои ќе ги осудувата ,Аллахов Пратенику, што ни наредуваш?‘, прашале асхабите. ,Извршете ја обврската што ја имате и побарајте го од Аллах правото што ви припаѓа‘“– одговорил Пратеникот
عربي الإنجليزية الأوردية
„Сите вие ​​сте пастири, и секој пастир ќе одговара за своето стадо
عربي الإنجليزية الأوردية
„Аллаху мој, кој ќе прифати некоја одговорност кон луѓето во мојот умет а потоа им отежне, па и Ти отежни му, а кој ќе прифати некаква одговорност кон луѓето во мојот умет па им олесни и Ти олесни му.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Верата е советување“
عربي الإنجليزية الأوردية
Ако ги видиш тие што ги следат нејасните ајети, тоа се тие кои Аллах ги споменал, па добро вардете се од нив
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој од вас ќе види зло, нека го промени со својата рака; ако не може, тогаш со својот јазик; ако не може, тогаш нека го осуди со своето срце, а тоа е најслабиот вид на иман.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Оној кој се придржува кон Аллаховите граници и оној кој ги прекршува се како луѓе кои пловат на еден брод. Некои се на палубата, а други се во долниот дел од бродот
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој повикува на добро, ќе ја има и наградата на оние што го прават тоа, без да им ја намали нивната награда
عربي الإنجليزية الأوردية
Кој ќе насочи на добро, ќе ја има истата награда како и оние што го прават тоа
عربي الإنجليزية الأوردية
Затоа што, се колнам во Аллах дека, ако Аллах преку тебе упати еден човек, тоа е подобро за тебе од поседувањето на црвените камили.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
,,Кој имитира еден народ, тој е еден од нив
عربي الإنجليزية الأوردية
„Човекот е на верата на својот пријател, затоа, секој од вас, нека внимава со кого се дружи.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Скогаш ќе постои група од мојот умет што јасно ќе ја следи вистината – сè додека не дојде Аллаховата одредба, и тие ќе останат во таа состојба.“
عربي الإنجليزية الإندونيسية
„Оваа вера ќе се прошири дотаму до каде што достигнува ноќта и денот. Аллах нема да остави ниту една куќа во урбана средина, ниту пак во рурална или пустинска област, а да не ја внесе во неа оваа вера
عربي الإنجليزية الأوردية
„Исламот започна како нешто туѓо, и повторно ќе се врати како туѓ – како што започна. Затоа, блазе им на оние што ќе бидат туѓинци.“
عربي الإنجليزية الإندونيسية
„Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, секој било да е евреин или христијанин што ќе чуе за мене, а потоа ќе умре и нема да поверува во она со кое сум испратен, ќе биде од жителите на огнот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
,О, луѓе, чувајте се од претерувањето во верата. Навистина оние пред вас пропаднаа заради претерувањето во верата.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„,Пропаднаа оние кои претеруваат
عربي الإنجليزية الأوردية
„Евреите се тие коишто гневот го предизвикаа, а христијаните се тие што заталкаа.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Аллах ја запишал одредбата на сите суштества 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата
عربي الإنجليزية الأوردية
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни раскажа, а тој е искрен и она што го зборува е вистина: ,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи
عربي الإنجليزية الأوردية
„Џенетот е поблиску до вас од врвката на вашата сандала, а исто така и Огнот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Џехенемот е опкружен со страсти, а Џенетот е опкружен со потешкотии.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам,
عربي الإنجليزية الأوردية
„Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган
عربي الإنجليزية الأوردية
„Аллах ќе ја зграпчи Земјата и ќе ги свие небесата со Својата десна рака, а потоа ќе каже: ,Јас сум Владателот, каде се владателите на Земјата.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
тие кои ќе добијат најстрога казна на Судниот ден, се луѓето кои го имитираат Аллаховото создавање преку слики
عربي الإنجليزية الأوردية
„Се колнам во Оној, во чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не се спуштил како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја поништи џизјата, тогаш ќе се зголеми имотот до таа мерка што никој нема да го прими (како милостина).“
عربي الإنجليزية الأوردية
Изговори: ,,Ла илахе илаллах" (нема друг вистински бог освен Аллах), и јас ќе сведочам за тебе на Судниот ден
عربي الإنجليزية الأوردية
„Мојот хауд е широк колку растојание од еден месец. Неговата вода е побела од млекото, а мирисот му е поубав од мошусот
عربي الإنجليزية الأوردية
„Смртта ќе биде доведена во форма на црно-бел овен,
عربي الإنجليزية الأوردية
„Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни а навечер долетуваат сити.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Две благодати кои многу луѓе не знаат да ги искористат се: здравјето и слободното време.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Тој што јава ќе го поселами тој што пешачи, пешакот ќе го поселами тој што седи, а помалата група ќе ја поселами поголемата
عربي الإنجليزية الأوردية
О робови Мои, Јас Самиот Себеси си ја забранив неправдата, и ја забранив меѓу вас, затоа не бидете неправедни меѓусебно
عربي الإنجليزية الأوردية
„Пазете се од неправдата! Навистина неправдата ќе биде темнини на Судниот ден. Пазете се од среброљубието! Навистина среброљубието ги уништи оние пред вас
عربي الإنجليزية الأوردية
„Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега
عربي الإنجليزية الأوردية
Аллах ги одредил добрите и лошите дела, потоа ги појаснил, тој што ќе посака да направи добро дело, но не го направи, Аллах ќе го запише кај Себе како да го направил, а кој пак одлучи да направи добрина и тоа го направи, Аллах ќе му запише од десет до седумстотини пати повеќе севапи, додека тој што ќе посака да направи лошо дело, но нема да го направи, Аллах ќе му запише за тоа како потполна добрина, но доколку посака и го направи, Аллах ќе му запише само еден грев
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе биде добар во исламот, нема да биде казнет за она што го правел во времето на незнаењето. А кој ќе биде лош во исламот, ќе биде казнет и за првото и за последното.“
عربي الإنجليزية الأوردية
Она што го говориш и кон што повикуваш е убаво. Ако би можел да ни кажеш дали има искупување (кефарет) за она што го имаме направено
عربي الإنجليزية الأوردية
Исламот го прими заедно со добрите дела што си ги направил.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Аллах не му прави неправда на верникот за неговото добро дело; го наградува на овој свет и ќе го награди и на идниот свет
عربي الإنجليزية الأوردية
О сине Адемов, сè додека Ми се обраќаш со дова и се надеваш во Мене, ќе ти простам, без разлика на твоите гревови, и тоа не Ми претставува тешкотија
عربي الإنجليزية الأوردية
Кога робот ќе направи грев и ќе рече: ,Аллаху мој, прости ми го мојот грев
عربي الإنجليزية الأوردية
„,Нема ниту еден Божји роб кој ќе направи грев, а потоа ќе земе абдест, па ќе клања намаз, а после тоа ќе побара прошка од Аллах, а да не му прости Возвишениот
عربي الإنجليزية الأوردية
„Навистина, Семоќниот и Возвишениот Аллах ја пружа Својата рака ноќе за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил преку денот и ја пружа Својата рака дење за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил во текот на ноќта, сè додека Сонцето не изгрее од западот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Нашиот Возвишениот Господар секоја вечер кога ќе настапи последната третина од ноќта
عربي الإنجليزية الأوردية
„Халалот е јасен и харамот е јасен
عربي الإنجليزية الأوردية
„Не ги навредувајте моите асхаби! Затоа што, дури и ако некој од вас даде садака во злато колку планината Ухуд, тоа не би достигнало ни еден муд од она што го дале тие, ниту половина од тоа.“
عربي الإنجليزية الأوردية
Момче, ќе те научам со овие зборови: Чувај го Аллах и Тој тебе ќе те чува, Чувај го Аллах, па секогаш ќе Го најдеш пред себе. Кога бараш, барај од Аллах. Кога бараш помош, побарај ја од Аллах
عربي الإنجليزية الأوردية
кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Примерот на верниците, во нивната меѓусебна грижа, милосрдие и сочувство, се како примерот на едно тело. Кога ќе се разболи еден дел од телото, сите останати делови реагираат со несоница и треска.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој на најубав можен начин ќе земе абдест, гревовите ќе го напуштат неговото тело, па дури ќе излезат и тие под ноктите.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Морската вода е чиста, а угинатите животните од морето се дозволени.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Ако водата е со количина на два ,куллета‘, таа не може да е нечиста.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„При нужда, не се свртувајте кон киблата ниту со лицето, ниту со грбот. Наместо таа насока, свртете се кон истокот или западот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Никој од вас нека не го држи половиот орган со десната рака додека мокри, не ја користете десната рака при чистење по нужда, и немојте да дувате во садот од кој пиете.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кога некој од вас ќе се разбуди од сон, нека го исчисти носот трипати, затоа што шејтанот ја минува ноќта на неговите ноздри.“
عربي الإنجليزية الأوردية
Верознесникот, салаллаху алејхи ве селем, се капел со количина вода од еден са‘а до пет мудови, а земал абдест со количина од еден муд
عربي الإنجليزية الأوردية
„Аллах не го прифаќа намазот на кој било од вас, кој е без абдест (состојба на хадес-правна нечистотија), сè додека не земе абдест.“
عربي الإنجليزية الأوردية
Некој човек земал абдест и не си ја измил ногата колку површината на ноктот. Пратеникот го набљудувал и му рекол: „Врати се назад и убаво земи абдест.“, па тој го повторил абдестот, а потоа клањал
عربي الإنجليزية الأوردية
,Тешко на петите од огнот! Земајте го абдестот потполно!‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, земаше абдест за секој намаз
عربي الإنجليزية الأوردية
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, земал абдест миејќи ги деловите од телото по еднаш
عربي الإنجليزية الأوردية
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се абдестел миејќи ги деловите од телото по двапати
عربي الإنجليزية الأوردية
Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два реката, не размислувајќи за ништо друго за време на нив, Аллах ќе му ги прости неговите претходни гревови
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на миење
عربي الإنجليزية الأوردية
Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови
عربي الإنجليزية الأوردية
„Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, пред да влезе во тоалет, велеше: „Аллахумме инни е‘узу бике минел-хубуси вел-хабаис“ (Аллаху, барам засолниште кај Тебе од машките и женските нечесници).“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога излегувал од нужникот, изговарал: ,Гуфранеке‘ (Аллаху, прости ми).“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Мисвакот е средство за чистење на устата и задоволство за Господарот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе се разбудел од спиење веднаш ги чистел забите со мисвак .“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Да знаев дека нема да им отежнам на верниците – или на мојот умет – ќе им наредев да го користат мисвакот при секој намаз.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Задолжително е за секој муслиман најмалку еднаш во седум дена да се искапе, при што ќе ја измие главата и телото.“
عربي الإنجليزية الأوردية
,Пет работи се од фитрата (природна чистота): обрежувањето, бричењето на срамните места, кратењето на мустаќите, сечењето на ноктите и отстранувањето на влакната под пазувите.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Често ми излегуваше течност која што излегува пред ејакулација и ми беше срам да го прашам Аллаховиот пратеник, алејхи селам, па му реков на Микдад бин Есвед да го праша Пратеникот, а тој му одговорил: „Нека си ги измие гениталиите и нека земе абдест“
عربي الإنجليزية الأوردية
Аллаховиот Пратеник кога се бањал по сексуален однос, прво ги миел рацете, потоа земал абдест како што се зема за намаз, потоа се капел
عربي الإنجليزية الأوردية
,Доволно ќе беше да ја допреш земјата вака.‘ и со дланките ја допре еднаш земјата, а потоа со левата дланка ја триеше десната, внатрешнитеи надворешните делови на дланките и на крајот го протри лицето.“
عربي الإنجليزية الأوردية
Остави ги, бидејќи бев со абдест кога ги облеков
عربي الإنجليزية الأوردية
тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
,Кога некој од вас ќе почувствува нешто во својот стомак, па се посомнева дали излегло нешто од него или не, тогаш нека не излегува од џамијата (од намазот), сè додека не чуе звук или не почувствува миризба.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Ако куче пие од нечиј сад, нека го измие седумпати.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кога муезинот ќе каже: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘ (Аллах е Најголем), па некој од вас ќе каже (и ќе повтори): ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратене салават врз мене
عربي الإنجليزية الأوردية
„Оној кога ќе го слушне муезинот и ги каже следниве зборови: ,Ешхеду ен ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, ве енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху, радијту биллахи раббен ве би Мухаммедин ресулен ве бил ислами динен‘, ќе му бидат простени гревовите.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе изговори кога ќе го слушне езанот: ,Аллахумме Раббе хазихид-да’ветит-таммети вес-салатил-каимети, ати Мухаммеденил-весилете вел-фадилете, веб’асху мекамен махмуденил-лези ве’адтеху. (Аллаху мој, Господару на овој совршен повик и на намазот чие време е сега, дај му го на Мухамед посредништвото и добрината и оживеј го на достојното место кое си му го ветил).‘ Нему ќе му биде дозволено моето застапништво (шефат) на Судниот ден.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Довата помеѓу езанот и икаметот не се одбива.“
عربي الإنجليزية الأوردية
Дали го слушаш езанот за намаз?‘ тој одговори потврдно, а Пратеникот му рече: ,Тогаш мора да се одѕвиеш.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„,Што мислите, кога некој од вас би имал река пред својата врата и би се капел во неа петпати на ден, дали би останало нешто од неговата нечистотија?
عربي الإنجليزية الأوردية
Кое дело му е најмило на Аллах?‘ Тој ми рече: ,Намазот да се клања во негово определеното време.‘ Прашав: ,А потоа?‘, тој одговори: ,Добродетелството кон родителите.‘ Пак прашав: ,А потоа?‘, Тој рече: ,Борбата на Аллаховиот пат
عربي الإنجليزية الأوردية
,За секој еден муслиман, кој кога ќе настапи пропишаниот намаз, ќе земе потполн абдест и ќе клања намаз понизно и потполно, тоа ќе биде откуп за гревовите што ги направил претходно, освен ако не направил голем грев. И така ќе биде цел живот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Петте дневни намази, петок до петок, и рамазан до рамазан, ги бришат гревовите меѓу нив, ако се избегнуваат големите гревови.“
عربي الإنجليزية الأوردية
,Намазот и оние што се под ваша одговорност!‘
عربي الإنجليزية الإندونيسية
„Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години, и во тие години раздвојте ги машките од женските во постела.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Возвишениот Аллах рекол: Го поделив намазот (Сура ел-Фатиха) помеѓу Мене и мојот роб на два дела, и на Мојот роб му припаѓа она што ќе го побара
عربي الإنجليزية الأوردية
„Навистина, договорот што е помеѓу нас и нив (неверниците) е намазот, па оној кој ќе го остави (намазот) – тој навистина станал неверник.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
О Билал, повикај на намаз– одмори нѐ со него.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
Аллаху мој, оддалечи ме од моите гревови како што ги оддалечи истокот и западот
عربي الإنجليزية الأوردية
дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги кревал рацете до висината на рамениците кога ќе го започнел намазот,
عربي الإنجليزية الأوردية
„Нема намаз оној кој не ја изговорил (сурата) Ел Фатиха.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“
عربي الإنجليزية الأوردية
И се колнам во Оној во Чија рака е мојата душа, навистина јас сум најсличен во својот намаз на намазот на Пратеникот ﷺ. Ваков беше неговиот намаз сè додека не замина од овој свет.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Наредено ми е да направам сеџда со седум делови од телото
عربي الإنجليزية الأوردية
„Господарот е најблиску до Својот роб во последниот дел од ноќта
عربي الإنجليزية الأوردية
Навистина ќе го видите вашиот Господ како што ја гледате оваа Месечина и нема да ви претставува мака да Го видите
عربي الإنجليزية الأوردية
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на двата реката на сабахскиот сунет ги рецитирал сурите „Кул ја ејјухел кафирун“ на првиот рекат и „Кул хуваллаху ехад“ на вториот
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе ги клања бердејн (намазите сабах и икиндија), ќе влезе во Џенетот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе го клања сабах намазот, ќе биде под Аллахова заштита
عربي الإنجليزية الأوردية
Кој ќе го испушти икиндискиот намаз, делата веќе му пропаднаа.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе заборави некој намаз, нека го клања кога ќе се сети на него, затoa што нема друго искупување за тоа освен на тој начин
عربي الإنجليزية الأوردية
„Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи
عربي الإنجليزية الأوردية
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе се исправеше од руку‘, велеше: Семи'a-аллaху ли-мен хамидех
عربي الإنجليزية الأوردية
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, помеѓу двете сеџди велел: „Раббигфир ли, Раббигфир ли.“ (Господару мој, прости ми, Господару мој, прости ми.)
عربي الإنجليزية الأوردية
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, помеѓу две сеџди, велел: „Аллаху, прости ми, смилувај ми се, дај ми здравје, упати ме и нахрани ме!“
عربي الإنجليزية الأوردية
,Кога ќе се станете за намаз, порамнете ги редовите (сафовите). Потоа, некој од вас нека ве предводи. Кога тој ќе изговори текбир, изговорете го и вие
عربي الإنجليزية الأوردية
„Алаховиот пратеник, алејхи селам, ми го научи тешехудот, додека дланката ми беше помеѓу неговите дланки, како што ме подучуваше на сура од Куранот
عربي الإنجليزية الأوردية
Аллахумме инни е‘узу бике мин ‘азабил-кабри ве мин ‘азабин-нари ве мин фитнетил-махја вел-мемати ве мин фитнетил-месихид-деџџали
عربي الإنجليزية الأوردية
Често паѓај му ничкум на сеџда на Аллах, бидејќи секоја сеџда што ќе Му ја направиш Нему, Тој ќе те воздигне за еден степен и ќе ти избрише еден грев.‘
عربي الإنجليزية الأوردية
,Нема намаз во присуство на (поставена) храна, ниту додека човекот се воздржува од природните потреби (од големата и малата нужда).‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево
عربي الإنجليزية الأوردية
,Најлошиот човек кој краде е оној што го краде својот намаз.‘ Му беше речено: ,А како го краде својот намаз?‘ Рече: ,Не го извршува целосно неговиот руку и неговата сеџда.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Зарем никој од вас не се плаши кога ќе ја крене главата пред имамот, Аллах да не ја претвори неговата во глава на магаре или да го направи неговиот изглед во изглед на магаре?!“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кога некој од вас ќе се посомнева во својот намаз и не е сигурен дали клањал три или четири рекати, нека го отфрли сомнежот и нека се потпре на она за што е сигурен. Потоа, нека направи две сеџди пред да го предаде селамот
عربي الإنجليزية الأوردية
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, видел човек како клања сам зад сафот и му наредил да го повтори намазот
عربي الإنجليزية الأوردية
Беше спомнат човек пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој преспал цела ноќ сè до разденување. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа е човек во чие уво шејтанот се измокрил,“ или рече: „во неговите уши.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Најдобриот ден во кој изгреало Сонцето е петокот
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе се избања во петок како што се бања после џенабет, а потоа порано тргне во џамија, ќе биде награден како да жртвувал камила
عربي الإنجليزية الأوردية
О Аллах, Ти си Селам и од Тебе е селамот, благословен си Ти, О Сопственику на големината и благородноста
عربي الإنجليزية الأوردية
Алаховиот Пратеник, алејхи селам, го кажуваше овој зикр после секој намаз.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
Навистина Пратеникот ﷺ, по секој задолжителен (фарз) намаз, велел
عربي الإنجليزية الأوردية
„Секој кој после секој намаз ќе изговори, субханаллах триесет и три пати, елхамдулиллах триесет и три пати и Аллаху екбер триесет и три пати — што вкупно изнесува деведесет и девет, а за стотиот ќе рече: Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул мулку ве лехул хамду, ве хуве ала кулли шеј-ин кадир — ќе му бидат простени гревовите, дури и ако се многубројни како морската пена.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе го рецитира Ајетул-Курсиј после секој задолжителен намаз, нема да го спречи од влезот во Џенетот освен смртта.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Запомнив од Аллаховиот пратеник, алејхи селам, десет рекати
عربي الإنجليزية الأوردية
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не ги пропуштал четирите рекати пред пладневниот намаз и двата рекати пред сабахот
عربي الإنجليزية الأوردية
„,Помеѓу двата езана има намаз, помеѓу двата езана има намаз.‘ А при третото повторување, додал: ,За оној кој сака.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека клања два реката пред да седне.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Ако му речеш на твојот другар: ,Молчи!‘ во петок, додека имамот држи хутба, тогаш си направил престап.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Клањај стоечки, а ако не можеш тогаш седејќи, а ако не можеш тогаш легнат на страна.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Еден намаз извршен во оваа моја џамија е подобар од илјада намази во која било друга џамија, освен во Месџид ал-Харам (Ќаба).“
عربي الإنجليزية الأوردية
Кој ќе изгради џамија за Аллах, Аллах ќе му изгради слична на неа во Џенетот.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„На секој сопственик на злато или сребро што не ги плаќа своите давачки, на Судниот ден, ќе му се исковаат огнени чаршафи
عربي الإنجليزية الأوردية
„Богаството не се намалува со давањето милостина, а Аллах за опростувањето кое ќе го направи робот само ќе му го зголеми угледот, и никој нема да се понизи заради Аллах, а да не биде воздигнат од Него
عربي الإنجليزية الأوردية
„Аллах рекол: ,Давај (помагај), о сине на Адем, па ќе ти биде дадено (ќе ти се помогне).‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кога човекот ќе потроши имот за своето семејство убеден дека ќе биде награден за тоа, ќе му се смета како да дал милостина.“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кога ќе умре човекот, неговите дела престануваат, освен во три случаи: трајната садака, знаењето од кое луѓето имаат корист по него или добродетелното дете кое прави дова за него.“
عربي الإنجليزية الأوردية
,Замената на среброто за злато е камата, освен едно за друго (од рака на рака). Замената на пченица со пченица е камата, освен едно за друго. Замената на јачмен со јачмен е камата, освен едно за друго. Замената на урми со урми е камата, освен едно за друго.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пропиша зекатул фитр во количина од еден саʿа урми или еден саʿа јачмен – за роб и слободен, за маж и жена, за дете и возрасен од муслиманите. И нареди да се подели пред излегувањето на луѓето на намаз.“
عربي الإنجليزية الأوردية
,О луѓе, ширете го селамот, нахранете ги гладните, одржувајте ги роднинските врски и клањајте ноќе додека луѓето спијат – ќе влезете во Џенетот со мир.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
„О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците
عربي الإنجليزية الأوردية
„Кој ќе го одложи рокот на враќањето на долгот на должникот или во потполност се откаже од побарување на долгот, Возвишениот Аллах ќе го стави во сенката на Својот Арш на Судниот ден, на денот кога друга ладовина нема да има
عربي الإنجليزية الأوردية