عَنْ أَنَسٍ رضي الله عنه قَالَ:
كَانَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَغْسِلُ، أَوْ كَانَ يَغْتَسِلُ، بِالصَّاعِ إِلَى خَمْسَةِ أَمْدَادٍ، وَيَتَوَضَّأُ بِالْمُدِّ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 201]
المزيــد ...

Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека
Верознесникот, салаллаху алејхи ве селем, се капел со количина вода од еден са‘а до пет мудови, а земал абдест со количина од еден муд.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 201]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се бањал по џенабет користејќи количина вода од еден са‘а до пет мудови, а за абдест му била доволна количина од еден муд. Са‘а е мерка што содржи четири мудови, додека мудот е количина вода што може да се собере во две дланки на човек со просечна градба.

من فوائد الحديث

  1. Пропишаноста на умереното користење вода за абдест и гусул, избегнувајќи прекумерност, дури и кога водата е лесно достапна.
  2. Препорачливо е да се користи само неопходната количина вода за абдест и гусул, бидејќи тоа е во согласност со практиката на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
  3. Целта е комплетно и правилно извршување на абдестот и гусулот, со почитување на сунетот и исламските прописи, избегнувајќи прекумерно трошење или прекумерна штедливост, при што се земаат предвид условите како достапноста на водата, времето и другите околности.
  4. Терминот „џенабет“ означува состојба на голема правна нечистотија што произлегува од ејакулација или сексуален однос. Во оваа состојба, лицето мора да го избегнува намазот и другите облици на ибадет додека не се исчисти.
  5. Са‘а е позната мерка, а овде се мисли како се сметало во времето на Веровесникот, чија тежина изнесува 480 мискали добро жито, што е еквивалентно на 3 литри.
  6. Мудот е шеријатска мерка која претставува количина вода што може да се собере во двете дланки на човек со просечна големина. Според едногласниот став на исламските правници, мудот е една четвртина са‘а и изнесува околу 750 милилитри.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (50)