عن ابنِ عُمَرَ رضي الله عنهما قال: قال رسولُ الله صلَّى الله عليه وسلم:
«مَن تَشَبَّهَ بِقَوْمٍ فَهُوَ مِنْهُمْ».

[حسن] - [رواه أبو داود وأحمد] - [سنن أبي داود: 4031]
المزيــد ...

Ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
,,Кој имитира еден народ, тој е еден од нив."

[حسن] - [رواه أبو داود وأحمد] - [سنن أبي داود - 4031]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, во овој хадис ни кажува дека оној кој имитира некого, без разлика дали се неверници или грешници или добри луѓе, постапувајќи според нивни специфични обреди и ритуали во верувањето, богослужба или обичаи - тој се смета за еден од нив. Бидејќи, имитирањето во надворешна смисла води до имитација и во внатрешна смисла, а несомнено е дека имитирањето на некого е производ на восхит кон него, а може да доведе и до љубов, глорификација и до приклонување. А сето ова го води човекот кон тоа да го имитира таквиот и во внатрешните верски работи - Аллах да нѐ сочува од тоа.

من فوائد الحديث

  1. Предупредување да не ги имитираме неверниците и грешниците.
  2. Поттик да ги имитираме добрите луѓе и да ги следиме истите.
  3. Имитирање на надворешното ќе вроди со имитирање на внатрешното.
  4. Човекот ќе добие закана за казна и грев сразмерно на количината и видот на имитацијата која ја прави.
  5. Забрането е имитирање на неверниците во нивната вера и обичаите кои се специфични за нив. Што се однесув, пак, за другите работи како што е учењето на некој занает и слично, тоа не е забрането.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (67)