عَنْ أَبِي سَعِيدٍ الْخُدْرِيِّ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«لَتَتَّبِعُنَّ سَنَنَ الَّذِينَ مِنْ قَبْلِكُمْ، شِبْرًا بِشِبْرٍ، وَذِرَاعًا بِذِرَاعٍ، حَتَّى لَوْ دَخَلُوا فِي جُحْرِ ضَبٍّ لَاتَّبَعْتُمُوهُمْ» قُلْنَا: يَا رَسُولَ اللهِ آلْيَهُودَ وَالنَّصَارَى؟ قَالَ: «فَمَنْ؟».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 2669]
المزيــد ...

Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„,Навистина ќе ги следите постапките на оние пред вас, педа по педа, лакт по лакт, до тој степен што, ако тие влезат во дупка на гуштер, и вие ќе ги следите.‘ Рековме: ,О Божји пратенику, дали мислиш на евреите и христијаните?‘ Тој одговори: ,На кој друг (би мислел) ако не (мислам) на нив?‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 2669]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува за состојбата на дел од неговиот умет по неговото време, нагласувајќи дека тие ќе ги следат постапките на евреите и христијаните во нивните верувања, дела, обичаи и традиции со извонредна точност и прецизност. Следење на народите пред нас ќе биде до таа мерка, што дури и ако тие влезат во дупка на гуштер, и тие ќе влезат по нив.

من فوائد الحديث

  1. Ова е еден од знаците на неговото пратеништво, бидејќи она што го најавил, пред да се случи, се исполнило онака како што го опишал.
  2. Забрането е муслиманите да ги имитираат неверниците, во нивните верувања, ибадети, празници или во облеката што е специфична за нив.
  3. Објаснувањето на апстрактните концепти преку конкретни примери е еден од методите на подучување во исламот.
  4. Дабот или гуштерот спомнат во хадисот е животно чија дупка е крајно темна, со непријатен мирис, и припаѓа на семејството на влекачите кои најчесто живеат во пустините. Дупката на гуштерот е спомната поради нејзината екстремна теснотија и нечистотија. Но, дури и ако тие влезат во таква тесна и нечиста дупка, тие, слепо следејќи ги, би го направиле истото! Аллах нека е напомош!
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (53)