عَن عَائِشَةَ أُمِّ المؤْمِنين رضي الله عنها زَوْجَ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ حَدَّثَتْهُ قَالَتْ:
جَاءَتْنِي امْرَأَةٌ مَعَهَا ابْنَتَانِ تَسْأَلُنِي، فَلَمْ تَجِدْ عِنْدِي غَيْرَ تَمْرَةٍ وَاحِدَةٍ، فَأَعْطَيْتُهَا فَقَسَمَتْهَا بَيْنَ ابْنَتَيْهَا، ثُمَّ قَامَتْ فَخَرَجَتْ، فَدَخَلَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ فَحَدَّثْتُهُ، فَقَالَ: «مَنْ يَلِي مِنْ هَذِهِ البَنَاتِ شَيْئًا، فَأَحْسَنَ إِلَيْهِنَّ، كُنَّ لَهُ سِتْرًا مِنَ النَّارِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 5995]
المزيــد ...

Мајката на верниците, сопругата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува:
„Кај мене дојде една жена со две ќерки, барајќи нешто. Не најдов ништо освен една урма, па ѝ ја дадов. Таа ја преполови и им ја подели на ќерките, а потоа стана и си замина. Потоа влезе Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и јас му го раскажав настанот. Тој рече: „Кој ќе биде старател за ќерки и ќе се грижи за нив и ќе им прави добро – тие ќе му бидат заштита од Огнот.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 5995]

Објаснување

Мајката на верниците Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува дека една сиромашна жена дошла кај неа со двете ќерки, барајќи нешто за јадење. Аиша немала ништо освен една урма, па ѝ ја дала. Жената ја преполовила урмата меѓу ќерките и самата не изела ништо, а потоа станала и си заминала. Подоцна влегол Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и Аиша му го раскажала настанот. Тој рекол дека оној кој е старател за ќерки – ги воспитува, ги храни, напојува, облекува и трпеливо се носи со таа обврска – тие ќерки ќе му бидат превез и заштита од Огнот.

من فوائد الحديث

  1. Грижата за ќерките и трудот околу нивното издржување се вбројуваат меѓу највредните добри дела што го штитат човекот од Огнот.
  2. Садаката е препорачлива според можностите на човекот, па дури и кога е мала.
  3. Силната родителска љубов и милост кон децата се нагласени во овој хадис.
  4. Хадисот ја открива скромноста на домовите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – неговиот ризк бил ограничен само на она што е доволно за живот.
  5. Вредноста на претпочитањето на другите пред себе и дека тоа е од особините на верниците. Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, ја ставила сиромашната жена и нејзините ќерки пред себе, иако и самата имала потреба – што ја покажува нејзината дарежливост и великодушност.
  6. Дарувањето ќерки се смета за искушение – поради трудот и напорот околу грижата за нив, поради тоа што некои луѓе некогаш ги сметале за товар, и затоа што најчесто тие немаат свој приход.
  7. Исламот ги искоренил погрешните навики од времето на незнабоштвото, меѓу кои е и запоставувањето или омразата кон ќерките, и препорачал грижа и добрина кон нив.
  8. Истата награда ја добива и оној што има само една ќерка, како што е наведено во некои верзии на хадисот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (33)
Повеќе...