عَن أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«يَأْتِي الشَّيْطَانُ أَحَدَكُمْ فَيَقُولُ: مَنْ خَلَقَ كَذَا؟ مَنْ خَلَقَ كَذَا؟ حَتَّى يَقُولَ: مَنْ خَلَقَ رَبَّكَ؟ فَإِذَا بَلَغَهُ فَلْيَسْتَعِذْ بِاللهِ وَلْيَنْتَهِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 3276]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?‘ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?‘ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 3276]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува за ефикасниот лек против сомнежите кои шејтанот му ги дошепнува на верникот: Па шејтанот вели: „Кој го создаде ова? Кој го создаде она? Кој ги создаде небото и Земјата?“ Па верникот одговара со својата вера, фитра и разум: „Аллах.“ Но, шејтанот не застанува тука со своите дошепнувања, туку продолжува додека не праша: „А кој го создаде твојот Господар?“ Во тој момент, верникот треба да ги одбие овие дошепнувања на три начини:
Со иманот во Аллах.
Со барањето на заштита од Аллах од проклетиот шејтан.
Со прекинувањето на размислувањето за тие дошепнувања.

من فوائد الحديث

  1. Избегнувањето на шејтанските дошепнувања и не размислувањето за нив, како и прибегнувањето кон Аллах за да ги отстрани.
  2. Сè што допира до човечкото срце, како дошепнување кое е спротивно на шеријатот, е од шејтанот.
  3. Забрането е да се размислува за Аллаховото битие, додека пак се препорачува размислување за Неговите созданија и знаци.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (65)
Повеќе...