عَنْ أَبِي طَلْحَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«لاَ تَدْخُلُ المَلاَئِكَةُ بَيْتًا فِيهِ كَلْبٌ وَلاَ صُورَةٌ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 3322]
المزيــد ...
Ебу Талха, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче и слики (на живи суштества).“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 3322]
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека мелеците на милоста не влегуваат во куќа во која има куче или слика на живо суштество. Причината за тоа зашто сликите на живите суштества претставуваат голем грев и бидејќи со тоа се обидува имитација на Аллаховото создавање, а исто така можат да бидат средство што води кон ширкот. Некои од овие слики претставуваат идоли што се обожуваат покрај Аллах. Што се однесува, пак, до причината зошто мелеците не влегуваат во куќа каде што има куче, тоа е поради тоа што кучињата често конзумираат нечистотии, а некои од нив се нарекуваат „шејтани“, додека мелеците се спротивност на шајтаните. Дополнително, тоа се должи и на непријатниот мирис на кучињата, кој ги одбива мелеците, како и на фактот дека е забрането нивното чување. Оној што чува куче е казнет со тоа што му се одзема благодатта од присуството на мелеците на милоста во неговиот дом. Со тоа се лишува од нивните дови, нивното барање прошка за него, нивниот благослов за него и неговиот дом, како и од нивната заштита од штетата на шајтаните.