عن أبي سعيد الخُدْريِّ رضي الله عنه قال: سمعت رسول الله صلى الله عليه وسلم يقول:
«‌مَنْ ‌رَأَى ‌مِنْكُمْ ‌مُنْكَرًا فَلْيُغَيِّرْهُ بِيَدِهِ، فَإِنْ لَمْ يَسْتَطِعْ فَبِلِسَانِهِ، فَإِنْ لَمْ يَسْتَطِعْ فَبِقَلْبِهِ، وَذَلِكَ أَضْعَفُ الْإِيمَانِ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 49]
المزيــد ...

Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Кој од вас ќе види зло, нека го промени со својата рака; ако не може, тогаш со својот јазик; ако не може, тогаш нека го осуди со своето срце, а тоа е најслабиот вид на иман.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 49]

Објаснување

Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нареди да се промени (спречи) злото - сè што Аллах и Неговиот Пратеник го забраниле - според можностите: Ако некој види зло, треба да го спречи со рака, ако е во можност. Ако не може, тогаш нека го спречи со зборови, советувајќи го сторителот, објаснувајќи му ја штетата и насочувајќи го кон доброто. Ако не го може ни тоа, тогаш нека го осуди со срцето, мразејќи го злото и со намера дека истото би го спречил кога би можел. Осудувањето со срцето е најслабиот вид на иман во спречување на злото.

من فوائد الحديث

  1. Хадисот е основа во објаснувањето на степените на спречувањето на злото/гревот.
  2. Наредбата за постепеното спречување на злото, секој според своите можности и способности.
  3. Спречувањето на злото/гревот е важна обврска во верата и никој не е ослободен од неа; секој муслиман е должен да го прави според своите можности.
  4. Наредувањето на доброто и спречувањето на злото се ограноци на иманот, кој се зголемува и намалува.
  5. Услов за спречување на злото/гревот е знаењето дека тој чин е навистина зло/грев.
  6. Услов за промена на злото е да не предизвика уште поголемо зло од него.
  7. Спречувањето на злото/гревот има свои правила и услови кои муслиманот треба да ги научи.
  8. Спречувањето на злото/гревот бара познавање на политиката на шеријатот, знаење и јасен доказ.
  9. Неосудувањето на лошото и гревот со срцето укажува на слабоста на иманот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (65)
Повеќе...