عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ:
قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ لِعَمِّهِ: «قُلْ: لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ، أَشْهَدُ لَكَ بِهَا يَوْمَ الْقِيَامَةِ»، قَالَ: لَوْلَا أَنْ تُعَيِّرَنِي قُرَيْشٌ، يَقُولُونَ: إِنَّمَا حَمَلَهُ عَلَى ذَلِكَ الْجَزَعُ لَأَقْرَرْتُ بِهَا عَيْنَكَ. فَأَنْزَلَ اللهُ: {إِنَّكَ لا تَهْدِي مَنْ أَحْبَبْتَ وَلَكِنَّ اللهَ يَهْدِي مَنْ يَشَاءُ } [القصص: 56].
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 25]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на својот чичко: „Изговори: ,,Ла илахе илаллах" (нема друг вистински бог освен Аллах), и јас ќе сведочам за тебе на Судниот ден.“ Тој одговорил: „Да не беше стравот од тоа што Курејшиите ќе ме обвинат, велејќи: ,Го поттикна на тоа стравот од смртта,' ќе го направев тоа и ќе ти го утешев срцето.“ Тогаш Аллах го објави ајетот: „Ти навистина не можеш да го упатиш на Вистинскиот пат тој што ти сакаш да го упатиш, Аллах му укажува на Вистинскиот пат на тој што Тој сака.“ (Ел Касас, 56)
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 25]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, побара од својот чичко, Ебу Талиб, кој беше на смртната постела, да изговори „ла илахе илаллах“ за да може да заговара за него на Судниот ден и да го посведочи неговиот ислам. Ебу Талиб одби да го изговори шехадетот од страв дека Курејшиите ќе го обвинат дека го прифатил исламот од страв од смртта и поради слабост. Му рече на Пратеникот: „Да не беше тоа, би те израдувал изговарајќи го шехадетот и би ја исполнил твојата желба!“ Тогаш Аллах го објави ајетот кој укажува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не поседува моќ да го даде упатството за влез во исламот, туку само Возвишениот Аллах упатува кого Тој сака. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го упатува народот преку објаснување, советување и повикување кон вистинскиот пат.