+ -

عَنْ ‌عَائِشَةَ رَضِيَ اللهُ عَنْهَا قَالَتْ:
تَلَا رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ هَذِهِ الْآيَةَ: {هُوَ الَّذِي أَنْزَلَ عَلَيْكَ الْكِتَابَ مِنْهُ آيَاتٌ مُحْكَمَاتٌ هُنَّ أُمُّ الْكِتَابِ وَأُخَرُ مُتَشَابِهَاتٌ فَأَمَّا الَّذِينَ فِي قُلُوبِهِمْ زَيْغٌ فَيَتَّبِعُونَ مَا تَشَابَهَ مِنْهُ ابْتِغَاءَ الْفِتْنَةِ وَابْتِغَاءَ تَأْوِيلِهِ، وَمَا يَعْلَمُ تَأْوِيلَهُ إِلَّا اللَّهُ، وَالرَّاسِخُونَ فِي الْعِلْمِ يَقُولُونَ آمَنَّا بِهِ كُلٌّ مِنْ عِنْدِ رَبِّنَا وَمَا يَذَّكَّرُ إِلَّا أُولُو الْأَلْبَابِ} [آل عمران: 7]. قَالَتْ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «فَإِذَا رَأَيْتِ الَّذِينَ يَتَّبِعُونَ مَا تَشَابَهَ مِنْهُ فَأُولَئِكَ الَّذِينَ سَمَّى اللهُ، فَاحْذَرُوهُمْ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 4547]
المزيــد ...

Аиша, Аллах нека е задоволен од неа, пренесува дека
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го цитирал следниот ајет: „Тој ти ја објавува Книгата во која се јасните ајети; тие се темели на Книгата, а останатите се помалку јасни. Тие во чиишто срца е скршнувањето ги следат нејасните ајети тежнеејќи за интриги и сопствено толкување. А толкувањето нивно го знае само Аллах! Тие што се упатени во науката, велат: ,Ние веруваме во нив, сите тие се од Господарот наш!' А само разумните сфаќаат!" (Али Имран, 7) Потоа рече: ,,Ако ги видиш тие што ги следат нејасните ајети, тие се оние кои Аллах ги споменал, па добро варди се од нив."

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 4547]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го рецитираше следниов ајет: ,,Тој ти ја објавува Книгата во која се јасните ајети; тие се темели на Книгата, а останатите се помалку јасни. Тие во чиишто срца е скршнувањето ги следат нејасните ајети тежнеејќи за интриги и сопствено толкување. А толкувањето нивно го знае само Аллах! Тие што се упатени во науката, велат: „Ние веруваме во нив, сите тие се од Господарот наш!“ А само разумните сфаќаат!" (Али Имран, 7) Во овој ајет, Возвишениот Аллах известува дека Тој му го објавил на Својот пратеник Куранот, кој содржи јасни ајети со недвосмислени значења, што претставуваат основа и мерило на Книгата. Овие јасни ајети служат како референца при разликите во толкувањето. Меѓутоа, постојат и други ајети чие значење може да биде двосмислено и различно разбрано од луѓето, кои можат да помислат дека меѓу нив има противречност. Аллах ги објаснува различните начини на кои луѓето се однесуваат кон овие ајети. Оние чии срца се наклонети кон заблуда ги занемаруваат јасните ајети и се насочуваат кон двосмислените, со цел да внесат сомнеж и да ги заведат луѓето, обидувајќи се да ги толкуваат според своите желби. Од друга страна, оние кои се цврсти во знаењето ги разбираат двосмислените ајети и ги поврзуваат со јасните, верувајќи дека сето тоа е од Аллах и дека нема противречност. Потоа, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ѝ рече на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, дека ако ги види оние што ги следат двосмислените ајети, тие се токму тие за кои Аллах рекол: „Оние во чијшто срца има заблуда." Па, вардете се од нив и не им обрнувајте внимание."

Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية البورمية التايلندية الألمانية بشتو الأسامية الألبانية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية اليوروبا الليتوانية الدرية الصربية الطاجيكية الكينياروندا الرومانية المجرية التشيكية الموري المالاجاشية الإيطالية الأورومو الكانادا الولوف البلغارية الأذربيجانية اليونانية الأوزبكية الأوكرانية الجورجية اللينجالا
Преглед на преводи

من فوائد الحديث

  1. Јасните (мухкем) ајети од Куранот се оние чие значење е јасно и недвосмислено, додека двосмислените (муташабих) ајети се тие кои можат да имаат повеќе значења и бараат подлабоко размислување и толкување.
  2. Предупредување од дружењето со оние кои се наклонети кон заблуда, кои се новотари во верата и оние кои шират сомнежи за да ги наведат луѓето во заблуда и да ги разнишаат во нивната вера.
  3. Во завршетокот на ајетот, каде Возвишениот Аллах вели: „А само разумните сфаќаат!", се наоѓа укор за оние кои се заблудени и пофалба за оние кои се цврсти во знаењето. Ова значи дека оној кој не се потсетува и не се поучува, туку ги следи своите страсти, не припаѓа на разумните.
  4. Следењето на двосмислените ајети е причина за скршнувањето на срцето.
  5. Задолжително е двосмислените ајети, чијашто смисла не е секогаш јасна, да се навраќаат на јасните ајети за да се разберат правилно.
  6. Возвишениот Аллах направил дел од Куранот да биде јасен, а дел двосмислен, како искушение за луѓето, за да се разликуваат верниците од оние кои се во заблуда.
  7. Присуството на двосмислени ајети во Куранот ја истакнува важноста на учените луѓе во споредба со другите и нè потсетува на ограниченоста на човечкиот разум, за да се потчиниме на Создателот и да ја признаеме својата слабост.
  8. Вредноста на темелното познавање на знаењето и неопходноста да се биде цврст во него.
  9. Муфесирите (толкувачите на Куранот) имаат две мислења во врска со застанувањето кај зборот „Аллах“ при цитирањето на ајетот: „А толкувањето нивно го знае само Аллах! Тие што се упатени во науката…“. Доколку се застане кај „Аллах“, значењето се однесува на знаењето за вистинската природа и суштината на одредени прашања, како што се душата и Судниот ден, за кои само Аллах го поседува знаењето. Тие што се упатени во науката веруваат во тие работи и ги препуштаат нивните вистински значења на Аллах, прифаќајќи ги со покорност. Меѓутоа, ако не се застане кај „Аллах“ и се продолжи, тогаш толкувањето се однесува на објаснувањето и разјаснувањето на ајетите. Во овој случај, и Аллах и оние кои се упатени во знаењето го разбираат толкувањето на ајетите. Тие веруваат во тие ајети и нивните значења ги поврзуваат со јасните и недвосмислените ајети.