عَنْ عَبْدِ اللهِ بْنِ عَمْرِو بْنِ الْعَاصِ رضي الله عنهما قَالَ: سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«كَتَبَ اللهُ مَقَادِيرَ الْخَلَائِقِ قَبْلَ أَنْ يَخْلُقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ بِخَمْسِينَ أَلْفَ سَنَةٍ، قَالَ: وَعَرْشُهُ عَلَى الْمَاءِ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2653]
المزيــد ...

Абдулах бин Амр бин ел Ас, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Аллах ја запишал одредбата на сите суштества 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата, а Неговиот Арш - престол беше на водата.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2653]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека Аллах ја запишал одредбата на сите суштества во детали, вклучувајќи го животот, смртта, ризкот и друго, во Левхул-Махфуз (Зачуваната плоча) 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата. Сè се случува според она што го одредил Возвишениот Аллах. Сè што постои е според одредбата на Возвишениот Аллах. Она што му се случило на човекот не можело да го одмине, а она што го одминало не можело да му се случи.

من فوائد الحديث

  1. Обврска за верување во Аллаховата одредба.
  2. Одредбата е Аллаховото прецизно знаење за сè што се случува, Неговото запишување на истото, Неговото создавање и дека сè се случува според Неговата волја.
  3. Верувањето дека одредбите се запишани пред создавањето на небесата и Земјата носи задоволство и помирување со Аллаховата одредба.
  4. Престолот на Милостивиот беше врз вода пред создавањето на небесата и Земјата.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (65)
Повеќе...