عن ابن عباس رضي الله عنهما قال:
كُنْتُ خَلْفَ رَسُولِ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَوْمًا، فَقَالَ: «يَا غُلَامُ، إِنِّي أُعَلِّمُكَ كَلِمَاتٍ، احْفَظِ اللهَ يَحْفَظْكَ، احْفَظِ اللهَ تَجِدْهُ تُجَاهَكَ، إِذَا سَأَلْتَ فَاسْأَلِ اللهَ، وَإِذَا اسْتَعَنْتَ فَاسْتَعِنْ بِاللهِ، وَاعْلَمْ أَنَّ الْأُمَّةَ لَوِ اجْتَمَعَتْ عَلَى أَنْ يَنْفَعُوكَ بِشَيْءٍ، لَمْ يَنْفَعُوكَ إِلَّا بِشَيْءٍ قَدْ كَتَبَهُ اللهُ لَكَ، وَلَوِ اجْتَمَعُوا عَلَى أَنْ يَضُرُّوكَ بِشَيْءٍ، لَمْ يَضُرُّوكَ إِلَّا بِشَيْءٍ قَدْ كَتَبَهُ اللهُ عَلَيْكَ، رُفِعَتِ الْأَقْلَامُ وَجَفَّتِ الصُّحُفُ».
[صحيح] - [رواه الترمذي] - [سنن الترمذي: 2516]
المزيــد ...
Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува:
Еден ден бев зад Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па ми рече: „Момче, ќе те научам со овие зборови: Чувај го Аллах и Тој тебе ќе те чува, Чувај го Аллах, па секогаш ќе Го најдеш пред себе. Кога бараш, барај од Аллах. Кога бараш помош, побарај ја од Аллах.И знај дека кога сите луѓе би се собрале за да ти направат дури и најмала корист, не би можеле ништо освен она што Аллах ти го одредил и го пропишал. И кога би се собрале да ти наштетат со нешто, нема да можат да ти наштетат освен онолку колку што Аллах одредил и напишал. Перото на судбината е кренато и листовите на страниците се осушени.
[صحيح] - [رواه الترمذي] - [سنن الترمذي - 2516]
Ибн Абас, радијаллаху анху, ни кажува дека, кога бил момче, јавал зад Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и Пратеникот му рекол: „Ќе те научам на некои работи со кои Аллах ќе ти даде корист:
Чувај го Аллах со извршување на она што Тој го заповедал и воздржи се од она што Тој го забранил. На тој начин, секогаш ќе те најде во добри дела, а не во гревови. Ако го сториш тоа, Аллах ќе те награди со тоа што ќе те заштити од тешкотиите на овој и идниот свет и ќе ти помогне во сите твои активности каде и да се упатиш.
А кога сакаш да побараш нешто, не барај од никого освен од Аллах, Кој се одѕива на тие што Го молат.
А кога ти треба помош, не барај ја од никој друг освен Аллах.
Биди убеден дека нема да ти се случи никаква корист во животот, дури и ако сите луѓе на Земјата се соберат да ти го овозможат тоа, освен со дозвола на Аллах. Од друга страна, нема да те снајде никаква штета дури и ако сите луѓе станат против тебе, освен ако Аллах така одредил.
Ова е нешто што Аллах Возвишениот го напишал, го одредил сходно на Неговата Мудрост и Знаењето, и нема менување на тоа што Тој го запишал (одредил).