عَنْ أَنَسِ بْنِ مَالِكٍ رضي الله عنه قَالَ: بَلَغَ رَسُولَ اللهِ صلى الله عليه وسلم ‌عَنْ ‌أَصْحَابِهِ ‌شَيْءٌ، فَخَطَبَ فَقَالَ:
«عُرِضَتْ عَلَيَّ الْجَنَّةُ وَالنَّارُ فَلَمْ أَرَ كَالْيَوْمِ فِي الْخَيْرِ وَالشَّرِّ، وَلَوْ تَعْلَمُونَ مَا أَعْلَمُ لَضَحِكْتُمْ قَلِيلًا وَلَبَكَيْتُمْ كَثِيرًا» قَالَ: فَمَا أَتَى عَلَى أَصْحَابِ رَسُولِ اللهِ صلى الله عليه وسلم يَوْمٌ أَشَدُّ مِنْهُ، قَالَ: غَطَّوْا رُءُوسَهُمْ وَلَهُمْ خَنِينٌ، قَالَ: فَقَامَ عُمَرُ فَقَالَ: رَضِينَا بِاللهِ رَبًّا، وَبِالْإِسْلَامِ دِينًا، وَبِمُحَمَّدٍ نَبِيًّا، قَالَ: فَقَامَ ذَاكَ الرَّجُلُ فَقَالَ: مَنْ أَبِي؟ قَالَ: «أَبُوكَ فُلَانٌ»، فَنَزَلَتْ: {يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا لا تَسْأَلُوا عَنْ أَشْيَاءَ إِنْ تُبْدَ لَكُمْ تَسُؤْكُمْ} [المائدة: 101].

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 2359]
المزيــد ...

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: До Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стигнала вест за нешто што го направиле неговите асхаби, па одржал хутба и рекол:
„Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот – и никогаш досега не сум видел нешто слично на денешниов ден кога станува збор за доброто и злото. А ако вие го знаете она што јас го знам – малку би се смееле, а многу би плачеле.“ Енес вели: „Немало потежок ден за асхабите на Божјиот пратеник од тој ден. Ги покрија главите и почнаа тивко да липаат.“ Тогаш стана Омер и рече: „Задоволни сме со Аллах како наш Господар, со исламот како наша вера и со Мухамед како наш веровесник.“ Потоа стана еден човек и праша: „Кој е мојот татко?“ – а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Твојот татко е тој и тој.“ И тогаш беше објавен ајетот: ,,О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни." (Ел-Маиде, 101)

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 2359]

Објаснување

До Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стигнала вест за нешто што го направиле неговите асхаби – а тоа било дека премногу го оптоварувале со прашања. Тоа го налутило, па одржал хутба и рекол: „Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот. Не сум видел повеќе добрини од тие што денес ги видов во Џенетот, ниту поголемо зло од тоа што денес го видов во Џехенемот. А доколку вие би го виделе она што јас го видов, и доколку би го знаеле она што јас го знам – ќе бевте силно исплашени, малку ќе се смеевте, а многу ќе плачевте.“ Енес, Аллах нека е задоволен со него, вели: „Немало потежок ден за асхабите на Божјиот пратеник од тој ден. Ги покрија своите глави и почнаа тивко да липаат – од силниот плач се слушаше звук што им излегуваше низ носот.“ Тогаш стана Омер, Аллах нека е задоволен со него, и рече: „Задоволни сме со Аллах како наш Господар, со исламот како наша вера и со Мухамед како наш веровесник.“ Потоа стана еден човек и праша: „Кој е мојот татко?“
Одговори: ,,Татко ти е тој и тој." Тогаш беше објавен ајетот: ,,О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни." (Ел-Маиде, 101)

من فوائد الحديث

  1. Препорачливо е човек да плаче од страв од Аллаховата казна, и да избегнува прекумерно смеење – бидејќи тоа укажува на немарност и грубост на срцето.
  2. Асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, биле длабоко потресени од пораката на Божјиот пратеник и покажале силен страв од Аллаховата закана.
  3. Препорачливо е при плачење да се покрие лицето.
  4. Ел-Хатаби вели: „Овој хадис се однесува на оној што поставува прашања од тврдоглавост, претерувајќи или без потреба. Но, оној што прашува поради реална потреба – на пример, во конкретна ситуација – не е виновен и не заслужува укор.“
  5. Хадисот поттикнува на истрајност во покорноста кон Аллах, воздржување од гревови и строго придржување кон Неговите граници.
  6. Од хадисот исто така се разбира дека е дозволено да се изрази лутина или строгост при советување и поучување – кога од тоа има воспитна корист.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (36)