عَنِ ابْنِ عَبَّاسٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُمَا قَالَ: قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«نِعْمَتَانِ مَغْبُونٌ فِيهِمَا كَثِيرٌ مِنَ النَّاسِ: الصِّحَّةُ وَالفَرَاغُ».
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 6412]
المزيــد ...
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Две благодати кои многу луѓе не знаат да ги искористат се: здравјето и слободното време.“
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 6412]
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, укажува на две големи Аллахови благодати со кои е почестен човекот, но многумина не ги искористуваат како што треба – туку ги трошат на погрешни места. Кога човекот има и здравје и слободно време, а сепак ќе го надвладее мрзеливоста и ќе ја запостави покорноста кон Аллах – тогаш тој е вистински губитник. А таква, за жал, е состојба на мнозинството луѓе.
Спротивно на тоа, оној што ќе ги искористи здравјето и слободното време во ибадет и послушност кон Аллах – тој е вистински добитник. Зашто овој свет е поле за сеидба за Ахиретот, и токму тука се стекнуваат делата чии резултати ќе се видат на Ахиретот.
Слободното време не трае вечно – по него доаѓа зафатеноста. Здравјето исто така не е трајно – следуваат болести, а дури и да нема друго – староста сама по себе е доволна причина човекот да ослабне и да не може да прави добри дела како порано.