عَنْ عَلِيٍّ رضي الله عنه قَالَ:
كُنْتُ رَجُلًا مَذَّاءً وَكُنْتُ أَسْتَحْيِي أَنْ أَسْأَلَ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ لِمَكَانِ ابْنَتِهِ فَأَمَرْتُ الْمِقْدَادَ بْنَ الْأَسْوَدِ فَسَأَلَهُ فَقَالَ: «يَغْسِلُ ذَكَرَهُ وَيَتَوَضَّأُ». وَلِلبُخَاريِّ: فَقَالَ: «تَوَضَّأْ وَاغْسِلْ ذَكَرَكَ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 303]
المزيــد ...

Од Али, радијаллаху анху, се пренесува:
„Често ми излегуваше течност која што излегува пред ејакулација и ми беше срам да го прашам Аллаховиот пратеник, алејхи селам, па му реков на Микдад бин Есвед да го праша Пратеникот, а тој му одговорил: „Нека си ги измие гениталиите и нека земе абдест“. Во Бухари е забележано: „Тој рекол: ,Земи абдест и измиј ги гениталиите.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 303]

Објаснување

Али, радијаллаху анху, нè известил дека често му излегувала течност „мезиј“ – а тоа е бела, ретка течност која излегува од половиот орган заради сексуална возбуденост или пред ејакулација за време на интимните односи, и не знае што да направи кога таа излегува, бидејќи се срами да го праша Аллаховиот пратеник, алејхи селам, затоа што тој е маж на Фатима, ќерката на Веровесникот, алејхи селам, па затоа, му рекол на Микдад бин Есвед, тој да го праша Аллаховиот пратеник, алејхи селам, за тоа, и Пратеникот, алејхи селам, му одговорил: Да ги измие гениталиите а потоа да земе абдест.

Од придобивките на хадисот

  1. Вредноста на Али бин ебу Талиб, радијаллаху анху, кого срамот не го спречил да не го постави прашањето преку посредник.
  2. Дозволено е да прашаме за одговор преку медијатор-посредник.
  3. Дозволено е да каже човек за себе, нешто од што се срами, поради општ интерес.
  4. Течноста која излегува пред ејакулација е нечиста, и мора да се измие како од телото така и од облеката.
  5. Истекувањето на „мезиј“ е причина за губењето на абдестот.
  6. Обврска е да се измие половиот орган и тестисите, како што е спомнато во еден друг хадис.
Преглед на преводи
Јазик: الإنجليزية الأوردية الإسبانية Повеќе... (57)