عن أنس بن مالك رضي الله عنه:
أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ وَمُعَاذٌ رَدِيفُهُ عَلَى الرَّحْلِ قَالَ: «يَا مُعَاذُ بْنَ جَبَلٍ»، قَالَ: لَبَّيْكَ يَا رَسُولَ اللهِ وَسَعْدَيْكَ، قَالَ: «يَا مُعَاذُ»، قَالَ: لَبَّيْكَ يَا رَسُولَ اللهِ وَسَعْدَيْكَ، ثَلَاثًا، قَالَ: «مَا مِنْ أَحَدٍ يَشْهَدُ أَنْ لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ وَأَنَّ مُحَمَّدًا رَسُولُ اللهِ صِدْقًا مِنْ قَلْبِهِ إِلَّا حَرَّمَهُ اللهُ عَلَى النَّارِ»، قَالَ: يَا رَسُولَ اللهِ، أَفَلَا أُخْبِرُ بِهِ النَّاسَ فَيَسْتَبْشِرُوا؟ قَالَ: «إِذًا يَتَّكِلُوا». وَأَخْبَرَ بِهَا مُعَاذٌ عِنْدَ مَوْتِهِ تَأَثُّمًا.
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 128]
المزيــد ...
Енес ибн Малик, радијаллаху анху, вели:
Во една прилика Аллаховиот пратеник, алејхи селам, јавал а зад него, на истата јаваница бил и Муаз. Во едне момент тој му се обратил велејќи: „.О, Муаз бин Џебел!‘, Муаз одговорил: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и те слушам!‘ Потоа повторно го повика: ,О, Муаз!‘, тој пак му одговори: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и ти се покорувам.‘ Тоа се повтори и по трет пат, а Пратеникот му рече: ,Секоја личност која искрено од своето срце ќе посведочи дека не постои вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов Пратеник, а да не му биде забранет џехенемскиот огин.‘ Муаз го прашал: ,Аллахов Пратенику, дали да им го пренесам ова на луѓето, за да бидат среќни?‘ Пратеникот му рече: ,Ако тоа го направиш ќе се опуштат.‘ Сепак, при крајот на својот живот, Муаз сепак им го пренел на луѓето од страв да не направи грев (ако не пренесе говор на Аллаховиот пратеник).“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 128]
Муаз, радијаллаху анху, еднаш беше зад Аллаховиот пратеник, алејхи селам, додека јаваа камила, а Пратеникот го повика: „О, Муаз!“, и го повтори тоа трипати за да ја нагласи важноста на она што ќе го каже.
Муаз, радијаллаху анху, секогаш му одговараше со исти зборови: „Ти се одѕивам, о Аллахов пратенику, и ти се покорувам.“ Т.е. одговарам на твојот повик, о Аллахов пратенику и тоа го правам со задоволство.
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, потоа го известил дека секој кој искрено ќе потврди дека не постои вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов пратеник, и тоа го направи со искрено убедување, без лажење, и ако умре со таков став, Аллах ќе го заштити од пеколниот оган.
Муаз го праша Аллаховиот пратеник, алејхи селам, дали може да им ја пренесе на луѓето оваа информација за да ги израдува и да се радуваат на доброто?
Но Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се плашеше луѓето да не се опуштат и како резултат на тоа да прават помалку добри дела.
Затоа Муаз ова никому не го кажуваше, сè до пред својата смрт, кога им го пренел овој хадис плашејќи се да не направи грев – криење на знаењето.