عن أبي هريرة رضي الله عنه أَن النبيَّ صَلّى اللهُ عَلَيْهِ وسَلَّم قَالَ:
«الرَّجُلُ عَلَى دِينِ خَلِيلِهِ، فَلْيَنْظُر أَحَدُكُم مَنْ يُخَالِل».

[حسن] - [رواه أبو داود والترمذي وأحمد] - [سنن أبي داود: 4833]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Човекот е на верата на својот пријател, затоа, секој од вас, нека внимава со кого се дружи.“

[حسن] - [رواه أبو داود والترمذي وأحمد] - [سنن أبي داود - 4833]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека човекот наликува на својот пријател во начинот на живот и навиките. Пријателството влијае врз карактерот, однесувањето и постапките, па затоа тој предупреди на важноста на внимателниот избор на пријатели. Добриот пријател го насочува својот другар кон иманот, упатството и доброто, и го помага во тоа.

من فوائد الحديث

  1. Наредба за дружење со добрите и внимателниот избор на пријатели, како и предупредување од дружење со лошите.
  2. Пријателот е спомнат пред роднината, бидејќи човекот самиот го избира пријателот, додека братот или роднините му се дадени без негов избор.
  3. Изборот на пријатели треба да биде промислен и мудар.
  4. Човекот ја зацврстува својата вера преку дружењето со верниците, а ја ослабува преку дружењето со грешниците.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (51)
Повеќе...