عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«أَلاَ أُحَدِّثُكُمْ حَدِيثًا عَنِ الدَّجَّالِ، مَا حَدَّثَ بِهِ نَبِيٌّ قَوْمَهُ؟ إِنَّهُ أَعْوَرُ، وَإِنَّهُ يَجِيءُ مَعَهُ بِمِثَالِ الجَنَّةِ وَالنَّارِ، فَالَّتِي يَقُولُ إِنَّهَا الجَنَّةُ هِيَ النَّارُ، وَإِنِّي أُنْذِرُكُمْ كَمَا أَنْذَرَ بِهِ نُوحٌ قَوْمَهُ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 3338]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Дали сакате да ви раскажам нешто за Деџалот, нешто што ниеден веровесник досега не им го раскажал на својот народ? Тој е слеп на едното око, а со себе ќе носи нешто што ќе изгледа како Џенет и Оган. Она за што ќе тврди дека е Џенет, всушност е Оганот. Ве предупредувам за него, исто како што и Нух го предупредувал својот народ.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 3338]
Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, ги извести своите асхаби за Деџалот, за неговите карактеристики и знаци, откривајќи нешта кои ниеден веровесник пред него не ги споменал. Дел од тие информации се:
Дека тој е слеп на едното око.
Дека Возвишениот Аллах ќе му даде нешто што во човечките очи ќе изгледа како Џенет и Оган.
Но, всушност, неговиот „Џенет“ е Оган, а неговиот „Оган“ е Џенет. Кој ќе му се покори, тој ќе го внесе во тој „Џенет“, кој во очите на луѓето изгледа како Џенет, но всушност е Оган. А кој ќе му се спротивстави, тој ќе го внесе во тој „Оган“, кој во очите на луѓето изгледа како Оган, но, всушност, е прекрасниот Џенет. Потоа, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè предупреди за искушението на Деџалот, исто како што и Нух го предупредувал својот народ.