عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«حَقُّ الْمُسْلِمِ عَلَى الْمُسْلِمِ سِتٌّ» قِيلَ: مَا هُنَّ يَا رَسُولَ اللهِ؟، قَالَ: «إِذَا لَقِيتَهُ فَسَلِّمْ عَلَيْهِ، وَإِذَا دَعَاكَ فَأَجِبْهُ، وَإِذَا اسْتَنْصَحَكَ فَانْصَحْ لَهُ، وَإِذَا عَطَسَ فَحَمِدَ اللهَ فَسَمِّتْهُ، وَإِذَا مَرِضَ فَعُدْهُ وَإِذَا مَاتَ فَاتَّبِعْهُ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2162]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Шест се правата на еден муслиман кон друг муслиман." Прашале: „Кои се тие, о Аллахов пратенику?" Одговорил: „Кога ќе го сретнеш, поздрави го со селам; кога ќе те повика, одѕви се на повикот; кога ќе ти побара совет, посоветувај го; кога ќе кивне и изговори ,елхамдулиллах’, посакај му милост велејќи ,јерхамукаллах’; кога ќе се разболи, посети го; и кога ќе умре, следи го до неговата џеназа.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2162]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека меѓу правата на муслиманот кај неговиот брат муслиман се шест работи: Прво: Кога ќе го сретне – да го поздрави со зборовите „ес селаму алејкум“, а другиот да му возврати: „ве алејкум селам“. Второ: Да се одзвие на неговата покана – како за свадбена вечера или при друг повод. Трето: Да му даде искрен совет кога ќе го побара – без лицемерие и без измама. Четврто: Кога ќе кивне и ќе изговори „елхамдулиллах“ – да му посака милост со зборовите „јерхамукеллах“ (Аллах нека ти се смилува), а тој да возврати: „Јехдиекумуллах ве јуслих балекум“ (Аллах нека ве упати и нека ви ја подобри состојбата). Пето: Да го посети кога ќе се разболи. Шесто: Да му клања џеназа намаз кога ќе умре и да ја следи неговата џеназа додека не биде закопан.

من فوائد الحديث

  1. Еш-Шевкани рекол: „Под изразот ,право на муслиманот‘ се мисли на нешто што не треба да се напушта – а неговото исполнување може да биде или обврска (ваџиб), или многу препорачано дело кое е блиску до обврска и кое не смее да се запоставува.“
  2. Одговарањето на селамот е индивидуална обврска (фарз ајн) ако поздравениот е сам. А ако се поздравува група – доволно е еден од нив да возврати. Отпочнувањето со селам во основа е Сунет.
  3. Посетата на болниот е дел од правата што муслиманите ги имаат еден кон друг, бидејќи таа внесува радост и утеха во срцето на болниот. Нејзиното исполнување е колективна обврска (фарз кифаје).
  4. Одѕивањето на поканата е задолжително сè додека во неа нема нешто што е грев. Ако се работи за свадбена вечера, мнозинството на алимите сметаат дека одѕивањето е задолжително, освен ако постои шеријатска причина за изоставување. А ако поканата е за нешто друго освен свадбена вечера – тогаш повеќето алими сметаат дека е препорачано, но не и задолжително.
  5. Посакувањето милост на оној што ќе кивне е обврска за секој што го слушнал како по кивањето изговара „елхамдулиллах“.
  6. Потполноста на шеријатот и неговата грижа за зацврстување на општествените врски, зајакнување на љубовта и иманот меѓу муслиманите, и создавање чувство на блискост и заедништво во заедницата.
  7. Во зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „фесеммитху“ (па посакај му милост), во некои преноси стои и „фешеммитху“ – и двата облика се лингвистички исправни: Семмитху (со буквата син) означува – да се направи дова за добро и благослов. Шеммитху (со буквата шин) се толкува – Аллах нека те заштити од нешто поради што твојот непријател би се радувал. А зборот тесмит значи – да се замоли Аллах да го упати на исправниот пат и благородно однесување.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (42)
Повеќе...