عن طارق بن أشيم الأشجعي رضي الله عنه قال: سمعت رسول الله صلى الله عليه وسلم يقول:
«مَنْ قَالَ: لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ، وَكَفَرَ بِمَا يُعْبَدُ مِنْ دُونِ اللهِ حَرُمَ مَالُهُ وَدَمُهُ، وَحِسَابُهُ عَلَى اللهِ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 23]
المزيــد ...
Од Тарик бин Ешјем ел Ешџеи, радијаллаху анху, се пренесува: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллах‘ – дека нема вистински бог освен Аллах и негира сè друго што се обожува покрај Аллах, неговиот имот и живот се заштитени (свети), а пресметката со него ќе биде кај Аллах.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 23]
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни кажува дека оној кој сведочи со јазикот дека не постои вистински бог освен Аллах, и негира сè што се обожава покрај Него и се огради од сите религии освен исламот – тој го заштитил својот имот и живот кај муслиманите. Ние судиме врз основа на она што се манифестира и нема да му се конфискува имотот или да му се одземе животот, освен ако направи некаков прекршок или злодело што ја повлекува одредената казна според исламското законодавство.
Аллах ќе ја сведе пресмета за секого на Судниот ден, ако некој бил искрен, ќе го награди, но доколку се однесувал со лицимерие, ќе го казни.