عَنْ عَائِشَةَ أُمِّ المُؤمنينَ رضي الله عنها قَالَتْ:
دَخَلَ عَلَيَّ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، وَقَدْ سَتَرْتُ سَهْوَةً لِي بِقِرَامٍ فِيهِ تَمَاثِيلُ، فَلَمَّا رَآهُ هَتَكَهُ وَتَلَوَّنَ وَجْهُهُ وَقَالَ: «يَا عَائِشَةُ، أَشَدُّ النَّاسِ عَذَابًا عِنْدَ اللهِ يَوْمَ الْقِيَامَةِ الَّذِينَ يُضَاهُونَ بِخَلْقِ اللهِ» قَالَتْ عَائِشَةُ: «فَقَطَعْنَاهُ فَجَعَلْنَا مِنْهُ وِسَادَةً أَوْ وِسَادَتَيْنِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 2107]
المزيــد ...

Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува дека кажала:
„Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, еднаш се врати од своето патување, а јас ја покрив полица во мојата соба со завеса која имаше слики на себе. Кога Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ја виде, ја тргна и лицето му се измени, па рече: ,Аиша, тие кои ќе добијат најстрога казна на Судниот ден, се луѓето кои го имитираат Аллаховото создавање преку слики.‘, потоа Аиша рече: ,Ја исековме и од неа направивме една или две перници.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 2107]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, еднаш влегол во куќата на Аиша, радијаллаху анха, а таа покривала мала полица со завеса на која имало слики од живи суштества. Пратеникот тогаш се налутил, ја оттргнал и рекол: Најтешка казна на Судниот ден ќе имаат тие преку своите слики го подражаваат Аллховото создавање. Аиша кажала: Од таа завеса направивме една или две перници.

من فوائد الحديث

  1. Лошите дела треба да се осудат во моментот кога ќе бидат забележани и не треба да се одложува, освен ако тоа (осудувањето) не предизвика поголема штета.
  2. Казнувањето на идниот свет ќе биде различно, според големината на гревот.
  3. Цртање и сликање на живи суштества е еден од големите гревови.
  4. Една од мудростите на забраната на цртање е да се спречи подражавањето на создавањето на Аллах, без разлика дали цртачот има намера да го имитира или не.
  5. Во шеријатот се води сметка за имотот и за неговата понатамошна употреба откако ќе го избегнеме забрането.
  6. Забрането е да се цртаат живи суштества во каква било форма, дури и во погрдни цели.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (55)
Повеќе...