عَنِ ابْنِ عَبَّاسٍ رضي الله عنهما:
أَنَّ رَجُلًا أَتَى النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، فَكَلَّمَهُ فِي بَعْضِ الْأَمْرِ، فَقَالَ: مَا شَاءَ اللهُ وَشِئْتَ، فَقَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «أَجَعَلْتَنِي لِلَّهِ عَدْلًا؟ قُلْ: مَا شَاءَ اللهُ وَحْدَهُ».

[إسناده حسن] - [رواه ابن ماجه والنسائي في الكبرى وأحمد] - [السنن الكبرى للنسائي: 10759]
المزيــد ...

Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува:
Дека еден човек дошол кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, разговарале за нешто, па потоа тој човек му рекол: „,(Ќе биде тоа) што Аллах го сака и што го сакаш ти.‘, па Пратеникот, алејхи селам, му рекол: ,Дали ме поистовети со Аллах? Кажи: Тоа што го сака Аллах Единиот.“

[إسناده حسن] - [رواه ابن ماجه والنسائي في الكبرى وأحمد] - [السنن الكبرى للنسائي - 10759]

Објаснување

Еден човек дошол кај Аллаховиот пратеник, алејхи селам, тие разговарале за нешто, па тој човек му рекол: Што Аллах сака и што сакаш ти. Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, го прекорил за тоа и му кажал дека поврзувањето на волјата на Аллах со волјата на кое било од Неговите созданија со сврзникот „и“ е мал ширк. Муслиманот не смее така да се изразува. Потоа го упатил кон правилната изјава: „Она што го сака само Аллах“, неопходно е да се издвои волјата на Аллах и да не се доведува туѓата волја во ист контекст со Неговата.

من فوائد الحديث

  1. Забрането е да се каже: „Што сака Аллах и што сака тој и тој“, и слични изрази во кои сврзникот „и“ ги става на исто ниво волјата на Аллах и волјата на Неговите созданија. Тоа претставува мал ширк.
  2. Обврска е да го негираме неисправното.
  3. Аллаховиот пратеник, алејхи селам, го заштитил монотеизмот и ги затворил сите патишта кои водат кон ширкот.
  4. Кога се негираат неисправните постапки, убаво е да се укаже на дозволена алтернатива, постапувајќи според праксата на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам.
  5. Во овој хадис се вели: „Што сака само Аллах“, а во друг хадис е кажано: „Што сака Аллах, а потоа што сакаш ти“. Како да ги споиме овие на прв поглед спротивставени тврдења? Одговорот е дека изразот: „Што сака Аллах, а потоа и ти“, е дозволен, додека подобро е само да се каже: „Што сака само Аллах.“
  6. Дозволено е да кажеме: „Што сака Аллах, а потоа што сакаш ти“, но подобро од тоа е да речеме: „Што сака само Аллах.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (55)
Повеќе...