عَنْ أَبِي وَاقِدٍ اللَّيْثِيِّ رضي الله عنه:
أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ لَمَّا خَرَجَ إِلَى حُنَيْنٍ مَرَّ بِشَجَرَةٍ لِلْمُشْرِكِينَ يُقَالُ لَهَا: ذَاتُ أَنْوَاطٍ يُعَلِّقُونَ عَلَيْهَا أَسْلِحَتَهُمْ، فَقَالُوا: يَا رَسُولَ اللهِ، اجْعَلْ لَنَا ذَاتَ أَنْوَاطٍ كَمَا لَهُمْ ذَاتُ أَنْوَاطٍ، فَقَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «سُبْحَانَ اللهِ! هَذَا كَمَا قَالَ قَوْمُ مُوسَى {اجْعَلْ لَنَا إِلَهًا كَمَا لَهُمْ آلِهَةٌ} [الأعراف: 138] وَالَّذِي نَفْسِي بِيَدِهِ لَتَرْكَبُنَّ سُنَّةَ مَنْ كَانَ قَبْلَكُمْ».
[صحيح] - [رواه الترمذي وأحمد] - [سنن الترمذي: 2180]
المزيــد ...
Од Ебу Вакид ел-Лејси, радијаллаху анху:
„Кога Аллаховиот пратеник тргнал на поход кон Хунејн, поминал покрај дрвото на многубошците наречено Зату-енват, на кое тие го бесеа нивното оружје. Тогаш асхабите му рекоа на Пратеникот: ,О, Аллахов Пратенику, дај ни да имаме и ние Зату-енват како што тие имаат Зату-енват.“, тогаш Пратеникот рече: ,Субханаллах (славен нека е Аллах). Ова е како што му рече народот на Муса: ,Направи ни и ти нам божество како што и тие имаат божества.‘ (Ел Араф, 138) Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа навистина ќе ги следите примерите на оние што беа пред вас.“
[صحيح] - [رواه الترمذي وأحمد] - [سنن الترمذي - 2180]
Кога Аллаховиот пратеник, алејхи селам, тргна на походот кон Хунејн (тоа е долина помеѓу Таиф и Мека), со него имаше одреден број на асхаби кои тукушто го прифатија исламот . Поминале покрај дрво наречено Зату енват – дрво на кое се обесени предмети. Многубошците го величаа тоа дрво и на него го закачуваа оружјето и другите предмети, заради бериќет. Побараа од Пратеникот, алејхи селам, да им определи дрво на кое ќе го обесат оружјето, заради бериќет. Сметаа дека вакво нешто е дозволено. Меѓутоа, Пратеникот, алејхи селам, кога го слушнал тоа, рекол „Субханаллах“, негирајќи го нивното барање и славејќи го Аллах. Потоа ги известил дека нивното барање е слично на она кое народот на Муса, алејхи селам, го побарал од него: „Направи ни божество, како што тие имаат божества.“ Тоа се случило кога виделе како другите обожаваат кумири, па побараа и тие да имаат кумири како идолопоклониците за да ги обожаваат. Ова барање е истоветно како и барањето на народот на Муса. Потоа Пратеникот, алејхи селам, навестил, предупредувајќи дека во овој умет ќе има такви кои ќе ги следат патиштата на христијаните и евреите и кои ќе прават исти работи како и тие.