عَنْ عَلِيٍّ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ لِي رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«قُلِ اللهُمَّ اهْدِنِي وَسَدِّدْنِي، وَاذْكُرْ بِالْهُدَى هِدَايَتَكَ الطَّرِيقَ، وَالسَّدَادِ سَدَادَ السَّهْمِ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2725]
المزيــد ...
Али, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ми рекол:
„Кажи: ,О Аллаху, упати ме и дај ми исправност‘, и замисли го твоето упатство како упатство на патот а исправноста со правото движење на стрелата кон целта.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2725]
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му заповедал на Али ибн Ебу Талиб, радијаллаху анху, да Му се моли на Аллах и да бара од Него, со следните зборови: „О Аллаху, упати ме“, насочи ме и покажи ми го патот, „направи да бидам исправен“ и помогни ме да работам исправно, направи да бидам исправен во сите мои работи.
„Худа“ – упатување, е да се знае вистината во детали и општо, и да се биде успешен во следењето на истата, надворешно и внатрешно.
„Седад“ е: исправност во сите работи на правилен и вистинит начин, тој е исправниот пат во зборовите, делувањето и верувањето.
Бидејќи духовното појасно се толкува преку опипливото; Сети се, додека ја кажуваш оваа дова, дека: (Упатство е: Твое упатство кон патот), па почуствувај го тоа во срцето додека бараш упатство како да е патоказ за патникот, бидејќи тој не скршнува од патот ни десно, ни лево; за да не се изгуби, така е посигурно и побрзо ќе дојде до својата цел.
(А исправност е: како исправностa на стрелата) Значи, кога ќе ја насочиме стрелата, ја забележуваме брзината која таа ја достигнува и ја погаѓа целта. Кога стрелецот гаѓа, тој ја насочува стрелата кон целта, па така и ти барај го од Возвишениот Аллах тоа што го сакаш како да нишаниш со стрела; ќе бараш потполно упатство и потполна исправност.
Имај го ова значење во своето срце, кога бараш исправност од Аллах, за твоите намери да бидат во согласност со начинот со кој гаѓаш со стрелата.