عَنْ عَبْدِ اللهِ بْنِ مَسعودٍ رضي الله عنه عن رَسولِ اللهِ صلى الله عليه وسلم قال:
«الطِّيَرَةُ شِرْكٌ، الطِّيَرَةُ شِرْكٌ، الطِّيَرَةُ شِرْكٌ، -ثلاثًا-»، وَمَا مِنَّا إِلَّا، وَلَكِنَّ اللهَ عَزَّ وَجَلَّ يُذْهِبُهُ بِالتَّوَكُّلِ.
[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن أبي داود: 3915]
المزيــد ...
Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Суеверието е ширк, суеверието е ширк, суеверието е ширк“, трипати. Тоа се случува кај секој од нас, но Возвишениот Аллах го отстранува од човекот кога тој ќе се потпре врз Него.
[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن أبي داود - 3915]
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè предупредил за суеверието, без оглед дали тоа е нешто што се слуша или гледа, или се одредува со помош на бројки, денови, животни и слично. Суеверието (тијере) доаѓа од зборот тајр, што значи птица, предисламските Арапи имале широко распространето суеверие засновано на птици. Арапите пуштале птица да полета кога сакале да започнат некоја работа, било да е патување, трговија и сл. Ако птицата полетала надесно, човек го сметал тоа за добар знак и одлучувал да го направи тоа што го намерил. Но, ако таа би полетала налево, тогаш тоа го сметале за лош предзнак и не би го направиле тоа што намерувале. Нè известил дека тоа преставува ширк, а суеверието е ширк: затоа што доброто доаѓа само од Аллах и штетата ја отстранува само Аллах, Единствениот, кој нема истоветен.
Ибн Месуд, радијаллаху анху, продолжил велејќи дека на секој муслиман може да му се случи суеверие. Но, тој е должен да му се спротивстави на тоа со потпирање врз Аллах и да ги земе предвид причините за секое делување.