عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ أَنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«نَارُكُمْ جُزْءٌ مِنْ سَبْعِينَ جُزْءًا مِنْ نَارِ جَهَنَّمَ»، قِيلَ: يَا رَسُولَ اللَّهِ، إِنْ كَانَتْ لَكَافِيَةً. قَالَ: «فُضِّلَتْ عَلَيْهِنَّ بِتِسْعَةٍ وَسِتِّينَ جُزْءًا كُلُّهُنَّ مِثْلُ حَرِّهَا».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 3265]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган.“ Некој рекол: „О, Божји пратенику, и силината на овосветскиот оган, би била доволна како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, а секој дел е како овоземниот оган."

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 3265]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека овосветскиот оган е еден дел од седумдесетте делови од џехенемскиот оган. Ахиретскиот оган е поинтензивен од овосветскиот оган за шеесет и девет делови, секој дел е со иста топлина како овосветскиот оган. Некоj рекол: „О, Божји Пратенику, и овосветскиот оган би бил доволен како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, сите со иста топлина.“

من فوائد الحديث

  1. Предупредување од Огнот за да се одвратат луѓето од делата што водат до него.
  2. Големината на џехенемскиот оган и неговата казна, и интензитетот на неговата топлина.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (65)