عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«إِذَا اسْتَيْقَظَ أَحَدُكُمْ مِنْ مَنَامِهِ فَلْيَسْتَنْثِرْ ثَلَاثَ مَرَّاتٍ، فَإِنَّ الشَّيْطَانَ يَبِيتُ عَلَى خَيَاشِيمِهِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 238]
المزيــد ...

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога некој од вас ќе се разбуди од сон, нека го исчисти носот трипати, затоа што шејтанот ја минува ноќта на неговите ноздри.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 238]

Објаснување

Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, му апелира на секој ќе се разбуди од сон, трипати да си го исчисти носот. Чистењето на носот е чин со кој се исфрла водата од носот откако претходно ќе биде вшмукана, бидејќи шејтанот ја минува ноќта во ноздрите – т.е. во целиот нос.

من فوائد الحديث

  1. Дозволено е секој што се буди од сон да го исчисти носот за да ги отстрани трагите на шејтанот од носот. А ако земе абдест, тогаш е потврдена наредбата да го исчисти носот.
  2. Чистењето е додатна придобивка од миење на носот. Бидејќи со вдишувањето на водата ја чистиме внатрешноста на носот, а со издувањето на носот ја отстрануваме таа нечистотија со вода.
  3. Ограничувањето е на ноќниот сон, според употребениот израз „спие“; Таков израз се користи за спиење во текот на ноќта, и затоа што во тој период спиењето е подолго и подлабоко.
  4. Овој хадис е доказ дека шејтанот е присутен блиску до човекот иако тој тоа не го чувствува.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (48)