عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«أَيُّهَا النَّاسُ، إِنَّ اللهَ طَيِّبٌ لَا يَقْبَلُ إِلَّا طَيِّبًا، وَإِنَّ اللهَ أَمَرَ الْمُؤْمِنِينَ بِمَا أَمَرَ بِهِ الْمُرْسَلِينَ، فَقَالَ: {يَا أَيُّهَا الرُّسُلُ كُلُوا مِنَ الطَّيِّبَاتِ وَاعْمَلُوا صَالِحًا، إِنِّي بِمَا تَعْمَلُونَ عَلِيمٌ} [المؤمنون: 51] وَقَالَ: {يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا كُلُوا مِنْ طَيِّبَاتِ مَا رَزَقْنَاكُمْ} [البقرة: 172] ثُمَّ ذَكَرَ الرَّجُلَ يُطِيلُ السَّفَرَ أَشْعَثَ أَغْبَرَ، يَمُدُّ يَدَيْهِ إِلَى السَّمَاءِ: يَا رَبِّ، يَا رَبِّ، وَمَطْعَمُهُ حَرَامٌ، وَمَشْرَبُهُ حَرَامٌ، وَمَلْبَسُهُ حَرَامٌ، وَغُذِيَ بِالْحَرَامِ، فَأَنَّى يُسْتَجَابُ لِذَلِكَ؟».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 1015]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците. Возвишениот Аллах вели: ,О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите!‘ И вели: ,О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Му благодарни на Аллах, ако навистина само Него Го обожувате!‘ Потоа го спомна човекот кој долго патува, со разбушавена коса и правлив, ги подига рацете кон небото и вели: ,Господару мој, Господару мој,‘ а неговата храна е харам, неговиот пијалак е харам, неговата облека е харам, и е хранет со харам, па како да му биде примена молбата?‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 1015]

Објаснување

Пратеникот, алејхи селам, ни кажа дека Аллах е добар, свет, над сите недостатоци и мани, и се карактеризира со совршенство, и нема да прими ниту едно дело или говор освен оние што се добри, искрено направени за Аллах и во согласност со праксата на Пратеникот, алејхи селам, и не треба да Му се доближуваме на Аллах освен на овој начин, а една од најголемите работи што може да се постигне со добри дела за верникот е добрата храна, која треба да биде халал. На овој начин и делата ќе му бидат добри, и затоа Аллах им заповеда на верниците да го прават она што им заповедал на пејгамберите, да јадат халал храна и да прават добри дела. Тој рекол: „О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите!“, исто така Возвишениот рекол: „О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Му благодарни на Аллах.“
Потоа, алејхи селам, предупреди да не јадеме харам, кој ги поништува делата и не дозволува да бидат прифатени, без разлика колку причини сме исполниле за да бидат прифатени. Меѓу нив се:
Прво: Долгото патување со цел да направиме некое богоугодно дело како што се аџилакот, џихадот, одржувањето на семејни врски и др.
Второ: Ако косата е бушава затоа што не е исчешлана, а бојата на косата и облеката се смениле поради прав, бидејќи е во тешка ситуација.
Трето: Ги кренал рацете кон небото молејќи се.
Четврто: Упорно Го повикува Аллах со Неговите убави имиња: Господару! Господару!
И покрај овие причини за одѕив на молитвата, тој не беше слушнат; Тоа е затоа што она што го јаде, пие и она што го носи е харам, се храни со она што е харам, па ни оддалеку не е можен одѕив на оној со овие карактеристики, и како да му се одѕвие?!

من فوائد الحديث

  1. Совршеноста на Аллаховото битие, на Неговите атрибути, делата и прописите.
  2. Наредба да бидеме искрени во делата, само за Аллах, и да бидат во согласност со праксата на Аллаховиот пратеник, алејхи селам.
  3. Користење на она што поттикнува на дејствување, како што рекол Пратеникот, алејхи селам: „Аллах им наредил на верниците да го прават она што им го наредил на веровесниците“, ако верникот знае дека тоа е една од наредбите кон веровесниците, ќе биде охрабрен да се придржува кон тоа.
  4. Една од причините довата да биде одбиена е конзумирањето на харам.
  5. Меѓу причините за одѕив на довата се пет работи – едно од нив е: долгото патување, поради скрушеноста што ја носи, што е една од најголемите причини за одѕив.
  6. Втората причина е: во состојба на потреба.
  7. Третата причина: подигање раце кон небото.
  8. Четврта причина: истрајно да бараме од Аллах и постојано да го спомнуваме Неговото господство, што е една од најголемите причини за одѕив на довата.
  9. Петта причина: конзумирање на халал храна.
  10. Конзумирањето на халал храна е една од причините кои ни помагаат да правиме добри дела.
  11. Ел Кади рекол: „Убавото е спротивно на лошото, па ако Возвишениот Аллах се опишува така, тоа значи дека Тој е далеку од недостатоци и е Свет од какви било мани, а ако човекот е опишан со овие зборови во општа смисла, тоа значи дека е далеку од недостатоците во моралот и грдите дела, туку е спротивно од тоа, а ако овој збор го користиме за имотот, тоа значи дека е халал и дека е од најубаво стекнатите имоти.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (55)