عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«اثْنَتَانِ فِي النَّاسِ هُمَا بِهِمْ كُفْرٌ: الطَّعْنُ فِي النَّسَبِ، وَالنِّيَاحَةُ عَلَى الْمَيِّتِ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 67]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Две работи меѓу луѓето се сметаат за неверување: клеветата околу потеклото и гласнот оплакување на мртвите.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 67]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ни кажува за две карактеристики на луѓето, кои се дела на неверниците и предисламската пракса, а тоа се:
Прво: клеветата за лозата на луѓето, нивно омаловажување и покажување ароганција кон нив.
Второ: кревање глас кога ќе се случи несреќа, изразувајќи со тоа незадоволство од судбината или кинење на облеката од голема тага.

من فوائد الحديث

  1. Поттик за покажување скромност, а не ароганција кон луѓето.
  2. Неопходност од трпение кога се случуваат неволји и да не покажуваме лутина.
  3. Овие работи се сметаат за мал куфр-неверување, а некој што ќе изврши некое од делата на мал куфр не се смета за неверник со кое излегува од верата, сè додека не направи голем куфр-неверување.
  4. Исламот забранува сè што води до поделба меѓу муслиманите, како што е клевета/омаловажување за потеклото и други работи.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (48)
Повеќе...