عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«مَنْ حَلَفَ فَقَالَ فِي حَلِفِهِ: وَاللَّاتِ وَالعُزَّى، فَلْيَقُلْ: لاَ إِلَهَ إِلَّا اللَّهُ، وَمَنْ قَالَ لِصَاحِبِهِ: تَعَالَ أُقَامِرْكَ، فَلْيَتَصَدَّقْ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 4860]
المزيــد ...
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе се заколне и во својата заклетва ќе рече: ,Се колнам во Лат и Узат‘, нека изговори: ,Ла илахе иллаллах‘. А кој ќе му рече на својот другар: ,Дојди да се коцкаме‘, нека даде садака.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 4860]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредува на опасноста од заколнување во нешто друго освен Аллах, нагласувајќи дека верникот не треба да се заколнува освен во Аллах. Тој исто така појаснува дека, ако некој се заколне во нешто друго освен Аллах, на пример да рече: „Се колнам во Лат и Узат“ – идоли кои се обожувале во периодот на незнабоштвото пред исламот – треба веднаш да изговори: „Ла илахе иллаллах“, со што ќе се ослободи од ширкот и ќе го искупи гревот направен со таквата заклетва.
Понатаму, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека ако некој му рече на својот другар: „Дојди да играме коцка“ – игра во која две или повеќе лица се натпреваруваат, а победникот добива одредена сума пари додека другите губат – треба да даде садака како искупување за гревот на повикот кон таквата игра.