عن أبي هريرة رضي الله عنه أن رسول الله صلى الله عليه وسلم قال:
«أَتَدْرُونَ مَا الْغِيبَةُ؟»، قَالُوا: اللهُ وَرَسُولُهُ أَعْلَمُ، قَالَ: «ذِكْرُكَ أَخَاكَ بِمَا يَكْرَهُ»، قِيلَ: أَفَرَأَيْتَ إِنْ كَانَ فِي أَخِي مَا أَقُولُ؟ قَالَ: «إِنْ كَانَ فِيهِ مَا تَقُولُ فَقَدِ اغْتَبْتَهُ، وَإِنْ لَمْ يَكُنْ فِيهِ فَقَدْ بَهَتَّهُ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2589]
المزيــد ...
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол:
„Дали знаете што е озборување?“ Рекоа: „Аллах и Неговиот пратеник тоа најдобро го знаат.“ Рече: „Да го спомнеш твојот брат со она што тој го мрази.“ Прашаа: „А доколку тој го има тоа што го спомнуваме?“ „Доколку тоа го има вие тогаш го озборувате а доколку го нема тогаш се работи за клевета“, одговори Аллаховиот пратеник.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2589]
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни го дава вистинскиот опис за забранетото озборувањето, а тоа е да се спомне муслиманот кој е отсутен со она што не би сакал да биде спомнат, без разлика дали се работи за неговите внатрешни или надворешни карактеристики. На пример да кажеме: слепец, измамник, лажго и слични работи со кои грдиме некого, па дури таквата особина да се наоѓа кај спомнатиот.
Доколку тоа својство не се наоѓа кај него, тогаш тоа е потежок грев од озборувањето, тоа е бесправно обвинување т.е. измислуваме за човекот нешто што не постои кај него.