عَنْ مَالِكِ بْنِ أَوْسِ بْنِ الْحَدَثَانِ أَنَّهُ قَالَ: أَقْبَلْتُ أَقُولُ مَنْ يَصْطَرِفُ الدَّرَاهِمَ؟ فَقَالَ طَلْحَةُ بْنُ عُبَيْدِ اللهِ وَهُوَ عِنْدَ عُمَرَ بْنِ الْخَطَّابِ رضي الله عنهما: أَرِنَا ذَهَبَكَ، ثُمَّ ائْتِنَا، إِذَا جَاءَ خَادِمُنَا، نُعْطِكَ وَرِقَكَ، فَقَالَ عُمَرُ بْنُ الْخَطَّابِ: كَلَّا، وَاللهِ لَتُعْطِيَنَّهُ وَرِقَهُ، أَوْ لَتَرُدَّنَّ إِلَيْهِ ذَهَبَهُ، فَإِنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«الْوَرِقُ بِالذَّهَبِ رِبًا، إِلَّا هَاءَ وَهَاءَ، وَالْبُرُّ بِالْبُرِّ رِبًا، إِلَّا هَاءَ وَهَاءَ، وَالشَّعِيرُ بِالشَّعِيرِ رِبًا، إِلَّا هَاءَ وَهَاءَ، وَالتَّمْرُ بِالتَّمْرِ رِبًا، إِلَّا هَاءَ وَهَاءَ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1586]
المزيــد ...
Од Малик ибн Евс ибн Хадесан, се премесува дека рекол: Дојдов и прашав: „Кој ги менува дирхемите?“ Талха ибн Убејдуллах рече, додека беше со Омер ибн Хатаб, радијаллаху анхума, рече: „Покажи ни го своето злато, па дојди кај нас кога ќе дојде нашиот слуга, а ние ќе ти дадеме сребро.“ Омер ибн Хатаб рече: „Не, се колнам во Аллах, мора да му го дадеш неговото сребро или да му го вратиш златото, навистина Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:
,Замената на среброто за злато е камата, освен едно за друго (од рака на рака). Замената на пченица со пченица е камата, освен едно за друго. Замената на јачмен со јачмен е камата, освен едно за друго. Замената на урми со урми е камата, освен едно за друго.‘“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1586]
Табиинот Малик ибн Евс известил дека имал златни динари и сакал да ги замени за сребрени дирхеми. Талха ибн Убејдуллах, радијаллаху анху, му рекол: Дај ни ги твоите динари за да ги видам! Потоа, откако решил да ги купи, му рекол: Врати се подоцна кога ќе дојде нашиот слуга за да ти ги дадеме сребрените дирхеми. Тука бил присутен Омер ибн Хатаб, радијаллаху анху, тој не го одобрил овој вид на трансакција и му се заколнал на Талха веднаш да го даде среброто или да го врати златото што го зел, и притоа објаснил дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол кога се продава сребро за злато или обратно, мора директно да се размени, во спротивно таквата трансакција се смета за камата и неважечка продажба. Златото не смее да се продава за сребро или сребро за злато освен рака на рака и со директна размена. Ниту пченицата не смее да се продава за пченица, јачмен за јачмен или урми за урми, освен едно за другоо, тежина за тежина, мерка за мерка, од рака на рака. Ниту еден од овие артикли не може да се плати на одложено, и не е дозволено да се разделат пред да се направи примопредавање на стоката.