عَنْ أُمِّ سَلَمَةَ أُمِّ المُؤمنين رضي الله عنها: أَنَّ رَسُولَ اللهِ صلى الله عليه وسلم قَالَ:
«سَتَكُونُ أُمَرَاءُ فَتَعْرِفُونَ وَتُنْكِرُونَ، فَمَنْ عَرَفَ بَرِئَ، وَمَنْ أَنْكَرَ سَلِمَ، وَلَكِنْ مَنْ رَضِيَ وَتَابَعَ» قَالُوا: أَفَلَا نُقَاتِلُهُمْ؟ قَالَ: «لَا، مَا صَلَّوْا».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 1854]
المزيــد ...
Од Уму Селеме, мајката на верниците, радијаллаху анха, е пренесено дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„,Со вас ќе управуваат владетели кај кои ќе видите дека прават добро и лошо. Оној што ќе го потврди она што е добро ќе се спаси од казната како и оној што ќе го негира лошото, но проблемот е во оној што се задоволува со лошото и кој го следи владетелот.‘ Асхабите прашаа: ,Дали да се бориме против нив?‘ ,Не, сè додека клањаат намаз.‘, одговорил Пратеникот.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 1854]
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè информира дека некои владетели ќе управуваат со нас и ќе ги поддржуваме во одредени постапки кои ќе бидат во согласност со шеријатот, а нема да се согласуваме со нив во другите постапки бидејќи му се спротивставуваат на верозаконот. Кој ќе реагира на злото, па дури и да го направи тоа само со своето срце ако не е во можност повеќе, ќе се спаси од гревот и лицимерието. А тој што може да го спречи злото со рацете или јазикот и го направи тоа, тој ќе се спаси од гревот и учеството во него. Од друга страна, кој ќе биде задоволен со нивните постапки и ќе ги следи во грев, ќе пропадне како што и тие пропаднале.
Тогаш асхабите го прашале Аллаховиот пратеник, алејхи селам: „Зарем нема се бориме против таквите владетели?!“
Пратеникот им забранил да го направат тоа и рекол: „Не, сè додека клањаат намаз.“