+ -

عَنْ عَبْدِ اللهِ بْنِ مَسْعُودٍ رضي الله عنه أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«مَا مِنْ نَبِيٍّ بَعَثَهُ اللهُ فِي أُمَّةٍ قَبْلِي إِلَّا كَانَ لَهُ مِنْ أُمَّتِهِ حَوَارِيُّونَ، وَأَصْحَابٌ يَأْخُذُونَ بِسُنَّتِهِ وَيَقْتَدُونَ بِأَمْرِهِ، ثُمَّ إِنَّهَا تَخْلُفُ مِنْ بَعْدِهِمْ خُلُوفٌ يَقُولُونَ مَا لَا يَفْعَلُونَ، وَيَفْعَلُونَ مَا لَا يُؤْمَرُونَ، فَمَنْ جَاهَدَهُمْ بِيَدِهِ فَهُوَ مُؤْمِنٌ، وَمَنْ جَاهَدَهُمْ بِلِسَانِهِ فَهُوَ مُؤْمِنٌ، وَمَنْ جَاهَدَهُمْ بِقَلْبِهِ فَهُوَ مُؤْمِنٌ، وَلَيْسَ وَرَاءَ ذَلِكَ مِنَ الْإِيمَانِ حَبَّةُ خَرْدَلٍ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 50]
المزيــد ...

Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Секој Пратеник што Аллах го испратил пред мене имал свои помошници и другари од неговиот народ кои се придржуваа кон неговиот Сунет и ги следеа неговите наредби. Потоа по нив дојдоа генерации на луѓе кои го зборуваа она што не го работеа, а го работеа она што не им беше наредено да го прават. Кој се бори против таквите со своите раце, тој е верник; тој што се бори против нив со својот јазик е верник; тој што се бори против нив со своето срце е верник; а после тоа нема ни колку трошка од верувањето.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 50]

Објаснување

Пратеникот, алејхи селам, нè информирал дека нема ниту еден веровесник кого Аллах го испратил кај својот народ пред него, а кој немал избрани следбеници, помошници и искрени борци од својата заедница, кои биле способни да бидат негови наследници; тие се придржувале кон неговиот Сунет и ги следеле неговите упатства. Потоа, по тие добри претходници, се појавиле луѓе кои не се добри; го кажувале она што не го правеле и го правеле тоа што не им е наредено. Тој што се бори против нив со рацете е верник; тој што се бори против нив со својот јазик е верник; тој што се бори против нив со срцето е верник; а по ова нема останато од верувањето ни колку едно зрно од синап.

من فوائد الحديث

  1. Поттик да се бориме против тие кои му се спротивставуваат на верозаконот со зборови и дела.
  2. Ако срцето не го осуди лошото дело, тоа е знак на слабиот иман-верување или е знак дека нема верување.
  3. Аллах, Возвишениот, ги помогнал веровесниците со луѓе кои ќе ја пренесуваат нивната порака после нив.
  4. Кој сака да се спаси, треба да ја следи традицијата на веровесниците, бидејќи сите други патишта, освен нивните, се пропаст и скршнување.
  5. Како што поминува времето од периодот на Алаховиот Пратеник, алејхи селам, и неговите другари, така се зголемува и оддалеченоста на луѓето од Сунетот, сè повеќе ги следат страстите и внесуваат новини во религијата.
  6. Толкување на фазите на борбата, кој може со рака ќе го отстрани злото, како што се надлежните органи, власта итн. ќе го направи тоа, со зборови ќе биде така што ќе ја појасниме вистината и ќе повикаме кон неа, а со срцето ќе биде така што ќе покажеме незадоволство од злото и ќе го критикуваме.
  7. Обврска е да наредуваме добро и да забрануваме зло.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية الألمانية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الرومانية المجرية الموري المالاجاشية الفولانية الأورومو الأوكرانية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...