+ -

عَنْ جَابِرِ بْنِ عَبْدِ اللَّهِ رضي الله عنهما أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«أُعْطِيتُ خَمْسًا لَمْ يُعْطَهُنَّ أَحَدٌ قَبْلِي: نُصِرْتُ بِالرُّعْبِ مَسِيرَةَ شَهْرٍ، وَجُعِلَتْ لِي الأَرْضُ مَسْجِدًا وَطَهُورًا، فَأَيُّمَا رَجُلٍ مِنْ أُمَّتِي أَدْرَكَتْهُ الصَّلاَةُ فَلْيُصَلِّ، وَأُحِلَّتْ لِي المَغَانِمُ، وَلَمْ تَحِلَّ لِأَحَدٍ قَبْلِي، وَأُعْطِيتُ الشَّفَاعَةَ، وَكَانَ النَّبِيُّ يُبْعَثُ إِلَى قَوْمِهِ خَاصَّةً وَبُعِثْتُ إِلَى النَّاسِ عَامَّةً».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 335]
المزيــد ...

Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Дадени ми се пет работи кои не му биле дадени никому пред мене: помогнат сум со стравот што го чувствуваат непријателите на растојание од едномесечно патување; целата површина на Земјата е место за молитва и средство за чистење и каде и да го стигне почетокот на молитвата било кој поединец од мојот умет, нека се моли таму; дозволен ми е воениот плен кој не му е дозволен на ниеден пред мене, дозволен ми е шефаат-посредување (на Судниот ден), веровесниците се испратени само на својот народ, додека јас сум испратен на целото човештво.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 335]

Објаснување

Нè извести Аллаховиот пратеник, алејхи селам, дека Аллах му дал пет работи кои не им ги дал на останатите веровесници пред него, а тие се:
Прво: помогнат сум со страв кој е уфрлен во срцата на моите непријатели, иако помеѓу мене и нив има раздалеченост од еден месец патување.
Второ: Земјата ни е дадена како место за намаз, ќе клањаме каде што ќе се наоѓаме, и исто така со неа се чистиме кога не можеме да најдеме вода.
Трето: дозволен ни е воениот плен, а тоа е оној што муслиманите го запленуваат во војната со неверниците.
Четврто: даден ми е големиот шефаат, со кој ќе им олесни на луѓето од тешкотијата на исчекувањето на Судниот ден.
Петто: испратен сум до сите суштества – луѓето и џините, за разлика од претходните веровесници кои беа испратени само до нивниот народ.

من فوائد الحديث

  1. Обврска е Аллаховиот роб да ги набројува благодатите на Аллах, да ги кажува и да му се заблагодарува на Аллах за истите.
  2. Почеста која Возвишениот Аллах му ја дал на овој умет и на Неговиот пратеник со овие одлики.
  3. Обврска на извршување на намазот навремено во било какви ситуации, исполнувајќи ги според можностите неговите шартови, рукнови и фарзови.
  4. Има неколку видови на шефаат со кои е одликуван Пратеникот, алејхи селам, во однос на останатите веровесници. Еден од нив е неговиот шефаат на Судниот ден да се започне со судењето. Вториот вид е шефаат за жителите на Џенетот да влезат (што побрзо) во Џенетот. Еден од видовите е посредувањето за неговиот чичко Ебу Талиб во намалувањето на казната во огнот, но не и за излегувањето од него, бидејќи тој умрел како неверник.
  5. Има многу особини на Пратеникот, алејхи селам, кои не беа спомнати во овој хадис, меѓу нив се: му беа дадени сеопфатни зборови, веровесништвото е запечатено со него а нашите сафови се како сафовите на мелеците, но и други одлики.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية الألمانية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الرومانية المجرية الموري المالاجاشية الأورومو الأوكرانية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...