+ -

عَنْ عُثْمَانَ الشَّحَّامِ، قَالَ: انْطَلَقْتُ أَنَا وَفَرْقَدٌ السَّبَخِيُّ إِلَى مُسْلِمِ بْنِ أَبِي بَكْرَةَ وَهُوَ فِي أَرْضِهِ، فَدَخَلْنَا عَلَيْهِ فَقُلْنَا: هَلْ سَمِعْتَ أَبَاكَ يُحَدِّثُ فِي الْفِتَنِ حَدِيثًا؟ قَالَ: نَعَمْ، سَمِعْتُ أَبَا بَكْرَةَ رضي الله عنه يُحَدِّثُ، قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«إِنَّهَا سَتَكُونُ فِتَنٌ، أَلَا ثُمَّ تَكُونُ فِتْنَةٌ الْقَاعِدُ فِيهَا خَيْرٌ مِنَ الْمَاشِي فِيهَا، وَالْمَاشِي فِيهَا خَيْرٌ مِنَ السَّاعِي إِلَيْهَا، أَلَا فَإِذَا نَزَلَتْ أَوْ وَقَعَتْ فَمَنْ كَانَ لَهُ إِبِلٌ فَلْيَلْحَقْ بِإِبِلِهِ، وَمَنْ كَانَتْ لَهُ غَنَمٌ فَلْيَلْحَقْ بِغَنَمِهِ، وَمَنْ كَانَتْ لَهُ أَرْضٌ فَلْيَلْحَقْ بِأَرْضِهِ»، قَالَ فَقَالَ رَجُلٌ: يَا رَسُولَ اللهِ أَرَأَيْتَ مَنْ لَمْ يَكُنْ لَهُ إِبِلٌ وَلَا غَنَمٌ وَلَا أَرْضٌ؟ قَالَ: «يَعْمِدُ إِلَى سَيْفِهِ فَيَدُقُّ عَلَى حَدِّهِ بِحَجَرٍ، ثُمَّ لِيَنْجُ إِنِ اسْتَطَاعَ النَّجَاءَ، اللهُمَّ هَلْ بَلَّغْتُ؟ اللهُمَّ هَلْ بَلَّغْتُ؟ اللهُمَّ هَلْ بَلَّغْتُ؟»، قَالَ: فَقَالَ رَجُلٌ: يَا رَسُولَ اللهِ أَرَأَيْتَ إِنْ أُكْرِهْتُ حَتَّى يُنْطَلَقَ بِي إِلَى أَحَدِ الصَّفَّيْنِ، أَوْ إِحْدَى الْفِئَتَيْنِ، فَضَرَبَنِي رَجُلٌ بِسَيْفِهِ، أَوْ يَجِيءُ سَهْمٌ فَيَقْتُلُنِي؟ قَالَ: «يَبُوءُ بِإِثْمِهِ وَإِثْمِكَ، وَيَكُونُ مِنْ أَصْحَابِ النَّارِ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2887]
المزيــد ...

Осман еш-Шехам раскажува: Јас и Феркад ес-Себехи отидовме кај Муслим бин ебу Бекре, додека беше на своето земјиште. Влеговме кај него и го прашавме: Дали си слушал од татко ти хадис за фитните (искушенијата и нередите)? Тој одговори: Да, го слушав Ебу Бекре, Аллах нека е задоволен со него, како раскажува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Ќе дојдат фитни (искушенија и нереди). Потоа ќе настапи фитна во која оној што седи е подобар од оној што оди, а оној што оди е подобар од оној што трча кон неа. Кога ќе се појави или ќе избие, оној што има камили – нека оди кај нив, оној што има овци – нека оди кај нив, а оној што има земја – нека се повлече на својата земја.“ Еден човек праша: „О Аллахов пратенику, а што да направи оној што нема ниту камили, ниту овци, ниту земја?“ Одговори: „Нека го земе својот меч, нека удри по острицата со камен (за да ја скрши), и нека се обиде да се спаси – ако може да се спаси. О Аллах, пренесов ли? О Аллах, пренесов ли? О Аллах, пренесов ли?“ Потоа друг човек праша: „О Аллахов пратенику, а што ако бидам присилен и ме одведат до една од двете страни (војски), па некој ме удри со меч или ме погоди стрела и ме убие?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Тој ќе го сноси и својот и твојот грев, и ќе биде од жителите на Огнот.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2887]

Објаснување

Осман еш-Шехам и Феркад ес-Себехи го прашале Муслим бин Ебу Бекре, синот на угледниот асхаб Ебу Бекре, Аллах нека е задоволен со него: „Дали си слушал хадис од татко ти за фитните и за меѓусебната борба што ќе се случи меѓу муслиманите?“ Тој одговорил: „Да. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека по неговата смрт ќе се појават фитни. Во тие фитни, подобар е оној што седи, незаинтересиран за нив, од оној што оди во нив; а подобар е оној што оди и ги избегнува, од оној што намерно се упатува кон нив и учествува.“ Потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го упатилсекој што ќе го затекнат тие фитни во неговото време – ако има прибежиште, нека се повлече таму. Рече: „Кој има камили – нека оди кај нив; кој има овци – нека оди кај нив; кој има земја – нека се повлече на својата земја.“ Еден човек праша: ,,О Аллахов пратенику, а што да направи оној што нема ни камили, ни овци, ни земја?" Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: „Нека го земе своето оружје, нека го скрши за да не може да го користи, и нека се обиде да побегне и да се спаси себеси и своето семејство – ако може да се спаси.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, трипати рече: „О, Аллах, дали ја пренесов пораката? О, Аллах, дали ја пренесов пораката? О, Аллах, дали ја пренесов пораката?“ Потоа друг човек праша: „О Аллахов пратенику, а што ако бидам присилен и ме одведат до една од двете страни, па некој ме удри со меч или ме погоди стрела и ме убие?“ Тој одговори: „Тој ќе го сноси и својот грев и твојот – и ќе биде еден од жителите на Оганот.“

من فوائد الحديث

  1. Известувањето за појавата на фитните има за цел да ги предупреди луѓето и да ги поттикне да се подготват – за да не се впуштаат во нив, туку да го молат Аллах за трпение и спас од нивното лошо.
  2. Имамот Ен-Невеви вели: „Зборовите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Оној што седи е подобар од оној што стои...‘ – укажуваат на сериозноста и опасноста од фитните, и на потребата да се избегнуваат и да се бега од нив. Колку повеќе човекот се вплеткува, толку се зголемува опасноста и искушението за него.“
  3. Тој, исто така, вели: „Кога човек е присилен само да присуствува во време на фитна, не носи грев за самото присуство. Но, доколку биде присилен да убие – убиството не е дозволено дури ни со присила, и ќе биде грешен ако го стори тоа – според консензусот на учените.“
  4. Ибн Хаџер вели: „Некои учени велат: ако една група се побуни против имамот (врховниот владетел), одбивајќи да ги исполнува своите обврски и започне војна – тогаш обврска е имамот да војува против неа. Исто така, ако две групи муслимани започнат меѓусебна борба, секој што е способен е должен да го спречи оној што греши и да го поддржи оној што е во право. Ова е ставот на мнозинството учени.
  5. Други, пак, прават разлика и велат: кога борбата се случува во време кога нема имам кој обединува – тогаш секое војување е забрането, и хадисите од оваа тема треба да се разберат во тој контекст.“
  6. Имамот Ен-Невеви вели:
  7. „Учените имаат различни мислења околу учеството во борба за време на фитна. Некои велат дека не е дозволено да се учествува во вооружени судири меѓу муслиманите – дури и ако влезат во неговата куќа и се обидат да го убијат, не му е дозволено да се брани, бидејќи напаѓачите дејствуваат врз основа на лично толкување.
  8. Ова е ставот на асхабот Ебу Бекре, Аллах нека е задоволен со него, и други учени.
  9. Ибн Омер, Имран бин Хусејн, Аллах нека е задоволен со нив, и други велат: не треба да се влегува во фитна, но ако некој биде нападнат, дозволено е да се брани.
  10. Овие две мислења се согласуваат во основата – дека не смее да се влегува во ниту една фитна меѓу муслиманите.
  11. Повеќето асхаби, табиини и мнозинството исламски учени сметаат дека е обврска да се поддржи оној што е во право во време на фитна и да се бори заедно со него против зулумќарите – како што вели Возвишениот:
  12. „Тогаш борете се против таа што сторила насилство сè додека не се врати кон Аллаховите прописи.“ (Ел-Хуџурат, 9).
  13. Ова е најисправното мислење.
  14. А хадисите што забрануваат учество во фитна треба да се разберат во контекст на ситуации каде не е јасно кој е во право, или кога двете страни се зулумќари, без оправдано толкување за ниту една од нив.“
Превод: Англиски Индонезиски Бенгалски Турски Руски Синхала Виетнамски Курдски Хауса Португалски Телгу Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية المالاجاشية الجورجية الماراثية
Преглед на преводи
Повеќе...