+ -

عن تميم الداري رضي الله عنه أن النبي صلى الله عليه وسلم قال:
«الدِّينُ النَّصِيحَةُ» قُلْنَا: لِمَنْ؟ قَالَ: «لِلهِ وَلِكِتَابِهِ وَلِرَسُولِهِ وَلِأَئِمَّةِ الْمُسْلِمِينَ وَعَامَّتِهِمْ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 55]
المزيــد ...

Од Темим ед-Дари, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Верата е советување" Прашавме: "За кого?", а тој одговори: „За Аллах, за Неговата Книга, за Неговиот пратеник, за водачите на муслиманите како и за сите останати муслимани".

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 55]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни кажува дека верата е условена од искреноста и вистината, и таква ќе се практикува како што наредил Аллах, потполно, без измама или непотполност.
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е запрашан: „За кого е советот?“, на што тој одговорил:
Прво: искреност кон Аллах, субханеху ве теала, искрено извршувајќи ги наредбите, не придружувајќи Му друго божество, да веруваме дека Тој е Господарот, Кој смее да се обожува, потврдувајќи ги Неговите имиња и својства, да ја сметаме Неговата наредба за возвишена, и да повикуваме во верувањето во Него.
Второ: советување за Аллаховата Книга-Куранот: така што ќе веруваме дека е говор на Аллах, и Негова последна Книга, дека тој ги дерогира сите дотогашни верозакони, да го сметаме за возвишен говор, исправно да го учиме, да работиме според неговите прописи, да веруваме во помалку јасните ајети, да го браниме од тие што го искривуваат неговото значење, да земаме од неговите пораки, да ги шириме неговите знаења и да повикуваме кон него.
Трето: советување за Неговиот пратеник Мухаммед, салаллаху алејхи ве селем: така што ќе сметаме дека тој е последниот Пратеник, да веруваме во тоа за кое нѐ известил, да ги почитуваме неговите наредби и да ги избегнуваме неговите забрани, да не го обожаваме Аллах освен на оној начин како што тој ни кажал, да го почитуваме него како и правото кое го има кај нас, да го прошириме неговиот повик, неговиот верозакон, и да го одбраниме од разни измислици упатени кон него.
Четврто: советување кон водачите на муслиманите: помагајќи ги во добро, и да не им се спротивставуваме, да им бидеме послушни и покорни во сето она што претставува покорност кон Аллах.
Петто: совет и искреност кон муслиманите: со убаво однесување кон нив и повикување да прават добрини, да не им правиме штета, и да им посакуваме добро, да си помагаме во добродетелство и во богобојазливост.

Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية البورمية التايلندية الألمانية اليابانية بشتو الأسامية الألبانية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية اليوروبا الليتوانية الدرية الصربية الصومالية الطاجيكية الكينياروندا الرومانية المجرية التشيكية الموري المالاجاشية الإيطالية الأورومو الكانادا الولوف البلغارية الأذربيجانية الأوزبكية الأوكرانية الجورجية اللينجالا
Преглед на преводи

من فوائد الحديث

  1. Наредба за искрен однос кон секого.
  2. Големата вредност на искрениот однос во верата.
  3. Верата ги опфаќа убедувањето, говорот и делувањето.
  4. Во советувањето спаѓаат и искрените чувства да не го измамиме соговорникот како и да му посакуваме секое добро.
  5. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, имаше добра метода на подучување кога прво кажуваше општи работи а потоа детално ги појаснуваше.
  6. Секокаш се започнува со најважното па потоа она што следи по важност, и Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, започна со искреност кон Аллах, потоа кон Неговата Книга, потоа кон Неговиот пратеник, потоа кон водачите на муслиманите а потоа кон останатите муслимани.