عَنِ النَّوَّاسِ بْنِ سِمْعَانَ الْأَنْصَارِيِّ رضي الله عنه قَالَ:
سَأَلْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ عَنِ الْبِرِّ وَالْإِثْمِ، فَقَالَ: «الْبِرُّ حُسْنُ الْخُلُقِ، وَالْإِثْمُ مَا حَاكَ فِي صَدْرِكَ، وَكَرِهْتَ أَنْ يَطَّلِعَ عَلَيْهِ النَّاسُ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2553]
المزيــد ...
Невас бин Симан ел-Енсари, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
„Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за добродетелството и гревот, па тој рече:
,Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во срцето и не сакаш да го дознаат луѓето.‘“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2553]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше прашан за добродетелството и гревот, па рече:
„Највозвишените гранки на добродетелството се: убавиот однос со Аллах – преку богобојазливоста и убавиот однос со луѓето – преку трпеливост при навредите, воздржаност од гневот, ведрина на лицето, убавиот говор, одржувањето на роднинските врски, послушноста, љубезноста, добрината, убавиот соживот и пријателство.
А гревот е она што во душата предизвикува неодлучност и двоумење, без да почувствува спокојство за него, и она што во срцето буди сомнеж и страв дека е грев. Тоа е она што човекот не сака да го открие, бидејќи го смета за срамно пред угледните и чесни луѓе. По природа, душата сака нејзините добри дела да бидат познати, а ако не сака некој да дознае за некои од нејзините постапки, тогаш се работи за грев во кој нема добро.“