عن شداد بن أوس رضي الله عنه قال: ثِنْتَانِ حَفِظْتُهُمَا عَنْ رَسُولِ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«إِنَّ اللهَ كَتَبَ الْإِحْسَانَ عَلَى كُلِّ شَيْءٍ، فَإِذَا قَتَلْتُمْ فَأَحْسِنُوا الْقِتْلَةَ، وَإِذَا ذَبَحْتُمْ فَأَحْسِنُوا الذَّبْحَ، وَلْيُحِدَّ أَحَدُكُمْ شَفْرَتَهُ، فَلْيُرِحْ ذَبِيحَتَهُ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 1955]
المزيــد ...

Од Шедад бин Евс, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Две работи ги запомнив од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем:
„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа. Па и кога убивате, направете го тоа на лесен начин, а кога колете животно направете го тоа што полесно. Секој од вас нека го наоштри ножот за да не го измачува животното."

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 1955]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека Аллах ни наредил добродетелство во сите работи, а добродетелство е: постојано да внимаваме на Аллаховите надгледување, во ибадетите кон Него, или со секој чин на добродетелсво и да не ги малтретираме останатите суштества, а тоа се однесува и кога убиваме или колеме.
Добродетелство дури и кога се извршува егзекуција како казна за убиство: така што ќе се одбере брз, најлесен и најмалку мачен начин на егзекуција.
Додека добродетелство кога колеме некое животно е: да го наостриме ножот пред колењето, да не го остриме предметот пред животното додека тоа гледа во истиот, и да не го колеме додека има некој кој поминува и може да го види чинот на колењето.

من فوائد الحديث

  1. Аллаховата милост и добрина кон созданијата.
  2. Добрина дури и кога вршиме егзекуција и колење така што ќе го направиме на пропишан начин.
  3. Шеријатот е совршен и ги опфаќа сите добрини, меѓу останатото е: милост и убаво постапување кон животните.
  4. Забрана на унаказување на човечкото тело откако ќе биде убиен.
  5. Забрана на сите облици на измачување на животното.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (66)
Повеќе...